Како комарците ги бираат своите „жртви“ и што треба да направите после каснувањето?

Сега е сезона на комарците. Тие се непосакувани летечки инсекти кои сите ги мразат. Нивните „жртви“ тие ги бираат според мирисот, јаглеродниот диоксид што се издишува и по супстанците што се излачуваат во потта.

Како комарците ги бираат своите „жртви“ и што треба да направите после каснувањето?

Поголемиот број од луѓето воопшто или малку го чувствуваат каснувањето од комарец, но подоцна на тоа место кожата ги чеша. Докторите објаснуваат дека после убодот на кожата, како што е познато, може да се појави црвенило и оток, но оние што се поосетливи и со послаб имунитет можат да имаат и потешки последици. Може да се јави интензивно чешање, плускавци и црвенило, а во најтешките случаеви, при убод од комарец ткивото многу се стврднува. Кај децата и луѓето со ослабен имунитет може да дојде до овие тешки реакции, но и до отекување на лимфните јазли и покачена температура. Многу ретко се јавува алергиска реакција која може да доведе до шок и смрт. Луѓето кои се подложни на ваква реакција со себе секогаш мораат да носат адреналинска инјекција.

Патниците во далечните краишта се најзагрозени

„За да би можеле да ги изведат јајцата, на женските комарци им се потребни протеини кои ги добиваат од човечката крв, животните и птиците. Тоа значи дека комарците не ги касаат само луѓето туку и другите топлокрвни животни. Со самото тоа можат да пренесат различни паразити и вируси, што за среќа е ретко во нашите краишта. Во 1954 година, благодарение на д-р Бранимир Рихтер, во Хрватска целосно била искоренета маларијата, така што сите случаи на заболени во текот на годините се главно кај луѓе кои патувале во заразени подрачја“, објаснува д-р Тања Пекез Павлишко.

Таа додава и кои болести најчесто ги пренесуваат комарците:

„Маларија, жолта треска за која е неопходна вакцинација пред заминување во некои земји, неколку видови енцефалитис (воспаление на мозокот), денга и така натаму… Сите наведени болести воглавно се јавуваат во потопли краишта.“

Прва помош за убоди од „обичен“ комарец:

  • На местото на убодот веднаш треба да се стави мраз (убаво е претходно кожата да се прекрие со ткаенина)
  • Помагаат и додатоци од кујната со кои треба да се намачка кожата – сода бикарбона, јаболков оцет
  • Корисен е и лосионот со цинк оксид
  • Локални антихистаминици
  • Кортизонски крем (за негова употреба советувајте се со лекар)
  • Антихистаминици (лекови против алергија) во таблети
  • Како превенција помагаат и средствата против комарци, како и маслото од лимонова трева

Дознајте кои билки со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар