Како да се вратите на пат исполнет со среќа?

Уште од мали нозе, постојано слушаме дека секој е ковач на сопствената среќа. И кога сме деца, тоа на некој начин ни е јасно, бидејќи имаме многу време за себе. Ние наоѓаме бескрајна инспирација со секој нов чекор. Но, како што растеме, така сè повеќе навлегуваме во светот на возрасните и забораваме да бидеме деца. Почнуваме да се грижиме за пари, за кариера, за семејство… И чекор по чекор, полека почнуваме да ја туркаме среќата во втор план. Постојат моменти кога ќе се потсетиме на изјавата дека секој е ковач на сопствената среќа, но веќе не знаеме како да го примениме тоа на себе. Всушност, можеби дури и сме заборавиле што е среќата.

Среќата не е нешто што се појавува и си оди. Таа е долготрајна состојба на умот, духот и телото, односно енергијата со којашто сме опкружени. Кога растеме, целосно се отуѓуваме од себе, и затоа забораваме дека всушност среќата останува дел од нас. Таа не лежи во количината пари што ги имаме, во новиот автомобил, во викендичката и другите материјални нешта. Секогаш кога мислиме дека на тој начин сме пронашле среќа, треба да застанеме, и добро да се преиспитаме.

Пуштете ја омилената песна, одете на кампување, прочитајте добра книга или одете во театар. Тргнете на планирање или на некакво патување. Сликајте, танцувате, вежбајте, медитирајте… Направете го тоа што навистина ве исполнува и потсетете се какво е чувството додека го правите тоа. Тоа е единствениот начин да стапите повторно во контакт со својата среќа. Вие ќе ја вратите изгубената позитивна енергија во својот ум, дух и тело. И сè почесто ќе размислувате позитивно.

Работата на себе е клучна за постигнување среќа. Исто како и работата на сè останато. Вие не можете да се усовршите на ниту едно поле без вежбање, односно не би знаеле да пишувате, да пливате или да возите автомобил без да работите на себе. Истото важи и за чувството на среќа и исполнетост.

Почнете со мали чекори, и ќе излезете на вистинскиот пат побрзо одошто мислите. Тоа ќе биде прекрасно патување каде што ќе ги откриете квалитетните и позитивни емоции, како и нештата што ве прават личноста што сте. Кога ќе стапите во контакт со среќата во себе, ќе отворите врата до долготрајно чувство што може да ве грее од сабајле до вечер, секојдневно. Вие ќе се пронајдете и себеси и ќе можете да го живеете секој ден со полни гради, остварувајќи со леснотија сè што ќе посакате. Не утре, не за една недела или еден месец, туку баш денес, полека и сигурно!

Тајната на среќата: 20 мисли за поубав ден, поисполнет живот и повеќе радости и насмевки.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар