Куче ги изненадува сопствениците со малечка коала

Куче ги изненадува сопствениците со малечка коала

Австралија никогаш не е здодевна! Неодамна Кери МекКинон од Стратдауни, Западна Викторија, добила големо изненадување од нејзиниот златен ретривер Аша, што е скоро невозможно за скоро секој друг сопственик на куче да го добие од своето милениче.

Па, што се случило? Во оваа област од Австралија, утринските температури знаат да паднат и до 5 степени. И не секое животно што живее таму има топло крзно како Аша.

„Беше многу рано наутро, кога мојот сопруг свика по мене и ми рече да дојдам да видам нешто“, вели Кери. „Прво не забележав што се обидуваше да ми покаже, но потоа ја видов малата коала што се сместила удобно во крзното на Аша.“

Кери признала дека никогаш не очекувала да се случи такво нешто, но и дека не го поддржувала целосно хероизмот на своето куче.

„Едноставно прснав во смеа. Кутрата Аша не знаеше што да мисли, само гледаше во мене со збунет израз на лицето“, додава таа. „Изгледаше дури и малку виновно, кога излегов да видам што се случува. Нејзиниот поглед беше урнебесен. И постојано погледнуваше во коалата, но не се обидуваше да ја турне од себе. Таа беше среќна што ѝ помага да се стопли.“

Ќе остане мистерија како коалата завршила на Аша. Најлогичното објаснување е дека таа била одвоена од својата мајка, дека можеби паднала и не знаела што да прави. Барајќи го своето семејство, најверојатно наишла на нашиот двор и ги видела кучињата, па решила да им се придружи за да се стопли.

„Аша дефинитивно ја спасила коалата со тоа што ја чувала на топло. Таа сигурно ќе умрела во текот на ноќта доколку била сама. Кутрото суштество, можеби дури и ќе беше изедено од лисици“, објаснува Кери.

Таа исто така вели и дека не било лесно да се одвојат двете животни, бидејќи коалата едноставно не сакала да се пушти од крзното на Аша. Но, тие сепак успеале да ги разделат и ја однеле коалата на ветеринар, па кај локален заштитник на коали каде што ќе остане додека не порасне доволно за да може повторно да се пушти во дивината.

Аша е прогласена за херој, затоа што без неа, малечката коала сигурно немало да преживее. И тоа воопшто не нè изненадува, затоа што кучињата се природни заштитници на сите живи суштества на планетата.

Дознајте нешто повеќе и за неверојатната приказна на петелот Бри и неговата сопственичка Камил.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар