Како да се справите со ноктите кои се лупат?

Многу жени кои имаат слаби нокти се жалат на постојано лупење кое никако не може да се избегне. И покрај тоа што оние кои го имаат овој проблем веруваат дека никогаш повеќе нема да ги видат своите нокти убави и цврсти, сепак постојат неколку трикови кои за само неколку недели можат да ви покажат одлични резултати.

Како да се справите со ноктите кои се лупат?

Витамини – Лупењето на ноктите често знае да биде предизвикано од недостаток на витамини, па токму затоа е многу важно да почнете да го внесувате витаминот Б. Тоа можете да го сторите преку одредена исхрана или пак, преку пилули.

Заштитете ги рацете – Оние кои го имаат овој проблем со ноктите би требало да избегнуваат да поминуваат многу време во вода и во допир со силни хемикалии. Токму затоа некое време одбегнувајте долго бањање (или барем држете ги дланките надвор од водата), а кога ќе чистите или миете садови користете заштитни ракавици.

Пијте многу вода – Промената на годишните времиња знае да има големо влијание врз нашата кожа, коса и нокти. Токму затоа пијте многу вода за да го одржувате вашето тело хидрирано и да го спречите сушењето на ноктите.

Намалете ги маникирите – Ако навистина сакате да го решите овој проблем, тогаш треба да му пристапите сериозно. Заборавете на геловите и престанете секојдневно да го менувате лакот. Најдобро би било доколку во аптеките најдете лакови за нокти кои ги зајакнуваат самите ноктите.

Избегнувајте ацетон – Тој ги суши ноктите, па токму затоа најдете алтернативен метод на отстранување на лакот за нокти.

Не ги допирајте ноктите – Кога ќе забележите дека ноктите започнуваат со лупење, едноставно не можете да сопрете сè додека не го извадите целиот горен слој? Најверојатно тука лежи и вашиот проблем. Секој пат кога го правите тоа, ги оштетувате ноктите и им оневозможувате нормално да заздрават…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар