Како да пронајдете среќа онаму каде што ја нема?

Како да пронајдете среќа онаму каде што ја нема?

Не можеме да очекуваме дека светот ќе се промени само за ние конечно да бидеме задоволни. Не треба да чекаме да се променат политичарите, земјата во која живееме ниту пак однесувањето на нашите најблиски за конечно да можеме да бидеме среќни. Единственото нешто што можеме да го направиме е да се смениме ние самите и токму во нас да го побараме решението, патот или силата. Доколку сакаме да бидеме среќни, единственото место на кое можеме да ја побараме среќата е во нас самите.

Како да пронајдете среќа онаму каде што ја нема?

Но, како можеме да пронајдеме среќа во оние моменти кога не сме среќни? Како можеме да пронајдеме нешто што во овој момент го нема? На која страна треба да се насочиме и што точно значи да се пронајде внатрешната среќа?

Сите ние секојдневно се сретнуваме со вакви прашања за среќата. Токму тие прашања и ја поттикнуваат потрагата по самата среќа. Како да ја пронајдеме среќата таму каде што ја нема? Постои ли некој прв чекор, постои ли нешто што апсолутно секој од нас може да го направи за да го покрене овој процес и да се отвори себеси за нови перспективи и радосни искуства.

Да. Постои! Потребно е да направиме само една работа, една многу едноставна работа. Потребно е да направиме нешто што секој може да го направи, нешто за што не ни се потребни никакви услови, нешто што дури и 5-годишно дете би можело да го постигне.

Првиот чекор за откривање на внатрешната среќа е дефинирање на сопствените потреби. Како што автомобилот не може да се движи доколку нема гориво, така и ние ако долго го одложуваме она што ни е потребно, полека забораваме кои сме и сè потешко пристигнуваме до нашата цел. Забораваме дека среќата и радоста се суштината на нашето постоење. За да можеме повторно да ги искусиме овие чувства, важно е да размислиме за нашите вистински потреби. И секако, откако ќе ги идентификуваме, важно е да најдеме начин на кој можеме да ги задоволиме.

Одлично е да се биде тука за другите, да се прават тие среќни и да се биде секогаш на располагање на оние кои имаат потреба од поддршка, но најважно од сè е во овој процес да не се заборавиме себе и нашите потреби. И вие исто како сите други заслужувате внимание, одмор и нега. И вие заслужувате љубов и поддршка. Доколку не ги наоѓате овие нешта, единствената личност кон која треба да се обратите сте самите вие.

Кога последен пат сте се пофалиле себеси поради нешто што сте направиле? Кога последен пат сте се почестиле од заработените пари? Кога последен пат сте ги ставиле вашите потреби на прво место?

Размислете за ова и следен пат кога ќе се најдете во ситуација да треба да направите нешто што ги преминува границите на вашите сили и желби запрашајте се дали тоа го правите затоа што навистина сакате во тој момент да го правите. Доколку вашиот одговор е НЕ, тогаш размислите што е тоа што сакате да го правите. Откако ќе откриете за што станува збор, токму тоа треба и да го направите! Вашата насмевка веднаш ќе се врати на вашето лице.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар