Како да преспиете со фризура без да ја растурите?

Сте ја исфенирале вашата коса или сте направиле локни, имате совршено стилизирана и свиленкаста коса, но на крајот на денот треба да спиете со таа фризура. Ако следното утро сакате да ја имате истата стилизирана и негувана коса, прочитајте ги овие неколку совети што ќе ви помогнат да преспиете со фризурата без да ја растурите.

Како да преспиете со фризура без да ја растурите?

Тајната на фризурата која трае за време на спиењето е добрата подготовка. Ако вашата коса нема добра подготовка во форма на производи и алатки за стилизирање (крем, пена, соодветна големина на четката, соодветна температура на апаратот за стилизирање итн.), таа ќе се растури за време на спиењето. Лакот за коса може само да ја влоши состојбата на вашата коса и следното утро да се разбудите со сплескани локни.

Пред спиење, нанесете малку бебешка пудра или сув шампон на косата околу лицето. Овој трик ќе ви помогне да се апсорбира вишокот влагата од ноќното потење, што предизвикува виткање на влакната околу лицето. Следното утро, нежно исчешлајте го вишокот производ што останал во вашата коса.

Кога се миете или нанесувате кремови и серуми, отстранете ја косата од лицето за да го избегнете ефектот на неуредност. Соберете ја косата со плишан стегач за коса бидејќи овој материјал нема да направи прекршување на косата. Друг одличен совет е да носите капа за туширање.

Направете ѝ услуга на вашата коса и инвестирајте во свилена или во сатенска перница. Памучните перници ги извлекуваат влагата и природното масло од вашата коса и ја прават сува и наелектризирана, а свилената перница го намалува триењето.

Ако сакате да ги зачувате волуменозните локни, завиткајте ја косата околу главата како шал и ставете шноли, а следното утро ќе имате меки и уредни локни.

Следното утро, ако сте успеале да ја зачувате вчерашната фризура, сепак ќе треба да ја освежите. Додајте им волумен на локните, на брановите или на текстурираната фризура со помош на спреј за коса, а за да ја освежите правата коса, додајте малку серуми против разлетување на косата.

Погледнете ги овие 10 фризури што им даваат посебен печат на модните трендови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар