Како да носите марами во секоја прилика оваа пролет?

Трендот на носење марами на главата и околу вратот се враќа, а ваквиот изглед често се појавува во модните магазини и на профилите на Инстаграм поврзани со мода и стил. Правилно искомбинираната марама може да додаде несекојдневност дури и на најобичниот изглед со фармерки и еднобојна маичка или пак во поелегантна комбинација.

Модните куќи веќе ги прифатија марамите како дел од своите нови дизајни, а ние ви предлагаме неколку начини како може да ги вклопите во вашиот стил.

1. Марама околу вратот

Можете да ја врзете на неколку начини, а може и само да ја оставите лесно да виси околу вашиот врат. Комбинирајте со сакоа, маички со принт, фустани, па дури и со кожни јакни.

2. Марама во косата

Помалите марами може да ги користите околу вашето коњско опавче. Најпрво врзете со обичен стегач за коса, а потоа околу него врзете ја марамата. Можете и да испуштите прамени или да ги подвиткате врвовите, во зависност од саканиот изглед.

3. Марама на глава

Уште од класичните филмови со Одри Хепберн во 60-тите, марамата е одличен моден додаток кој може да ја прекрие косата во целост или пак да се замота околу главата како стегач, кој ќе ги скроти немирните прамени.

A post shared by @artellaagentur on

4. Марама на рака

Наместо во косата, вашите мали марами можете да ги врзете и на раката, како замена за алки и нараквици.

5. Марама на чантата

Шанел одамна се обидуваат да го промовираат овој тренд, а тој може значително да го подобри секој изглед. Може да се замота околу рачката на чантата, но и да се закачи така што краевите ќе висат и ќе се лелеат околу вас.

Дознајте и како да ја носите марамата на француски начин.

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар