Како да направите совршено поширано јајце?

Пошираните јајца освен што се многу вкусни исто така изгледаат многу убаво кога жолчката ќе се разлее. Воопшто не се тешки за приготвување, но ако сепак не можете да ги приготвите баш какви што ги сакате, применете го советот од ова видео и уживајте во јадењето.

Како да направите совршено поширано јајце?

Потребна ви е само една обична шолја и парче пластична фолија. Ставете ја фолијата во шолјата и малку потпикнете ја за да формирате вдлабнатина во која ќе може да се смести јајцето. Сипете малку масло и размачкајте го по фолијата. Потоа скршете го јајцето и ставете го одозгора. Врзете ја фолијата и вашето јајце е спремно за поширање.

Погледнете го видеото за деталите и остатокот од постапката.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар