Како да му покажете на вашето куче дека го сакате според неговиот љубовен јазик?

Како да му покажете на вашето куче дека го сакате според неговиот љубовен јазик?

Според експертите, штом ќе го откриете љубовниот јазик на вашето куче, ќе имате многу начини да му покажете колку всушност се грижите за него. Задоволувањето на неговите потреби е главниот начин да ја покажете вашата љубов. Многу често луѓето не ја разбираат љубовта и ја покажуваат на себичен начин. За да откриете кој е љубовниот јазик на вашето куче, само набљудувајте што прави да се чувствува возбудено.

Како да му покажете на вашето куче дека го сакате според неговиот љубовен јазик?

1. Кажете му дека го сакате

Да му кажувате на партнерот дека го сакате е важен дел од вашата врска. На сличен начин, да му кажувате на вашето куче колку го сакате е секогаш одличен начин да ја покажете љубовта. Само обрнете внимание како ги кажувате слатките нешта, бидејќи зборувањето со висока интонација и „бебешки“ глас му покажува љубов на кучето. Важен е ритамот и тонот на зборување, а не самите зборови. Вашата енергија ќе предизвика чувства на љубов и грижа.

2. Гледајте го во очи

Кучињата чекаат момент да гледаат во луѓето и да се поврзат со нив. Овој контакт со очи го стимулира поврзувањето и ослободувањето на хормонот на љубовта, окситоцинот, кој има неколку здравствени придобивки – ве прави оптимисти и попријателски настроени. Обидете се нежно да го фатите лицето на вашето куче и кажете му колку го сакате, додека го гледате во очи.

3. Гушкајте се

Веројатно прегратките со вашето куче ве исполнуваат со радост, а најверојатно и кучето го цени физичкиот контакт. Гушкањето е како држење за раце за кучињата. Животните што живеат во глутници сакаат да бидат што е можно поблиску до другите членови од глутницата, а најдобар начин за ова е гушкањето. Па, најдете го најмекото ќебе, легнете и гушнете се со вашето куче.

4. Почитувајте ги неговите граници

Иако можеби се чувствувате поврзани со вашето куче на духовно ниво, сепак тоа не е човек. Ова значи дека можеби нема да реагира како што сакате на вашите добри гестови. Многу често, проблемот со луѓето кои работат со кучиња е тогаш тоа им даваат премногу човечки особини. Не ги препознаваат или почитуваат нивните потреби и граници. Можеби сакате да му покажете љубов на кучето со огромна прегратка, но добро обрнете внимание дали тоа сака да биде прегрнато во тој момент.

5. Одете на долга прошетка

Додека некои кучиња едноставно сакаат да им покажувате внимание, поврзувањето за време на долга прошетка е поверојатен начин дека вашето куче ќе почувствува љубов. Па, подгответе се и одете во парк. Иако повеќето кучиња навистина сакаат рутина и структура, менувањето на рутината за играње и вежбање може да направи кучето да се чувствува радосно и ценето.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашето куче вистински ве сака.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар