Како да ја развиете емоционалната интелигенција преку секојдневни навики?

Како да ја развиете емоционалната интелигенција преку секојдневни навики?

Најверојатно едно од првите прашања кое ќе ви падне на ум зошто е неопходна емоционалната интелигенција кога станува за нормален психофизизчки развој кај поединецот. Таа е особено важна затоа што секој од нас сака да воспостави контрола врз сопствениот живот, а тоа е возможно доколку научи како да ги контролира мислите, однесувањата и чувствата.

Како да ја развиете емоционалната интелигенција преку секојдневни навики?

Најважни од сите овие три се чувствата бидејќи токму тие ги поттикнуваат вашите мисли и однесувања. Всушност, околу 80% од вашите одлуки и постапки се јавуваат како резултат на вашите емоции. Сепак, важно е да се знае дека чувствата се најтешки за контролирање бидејќи најмалку можете да влијаете врз нив. Затоа е значајна емоционалната интелигенција која претставува способност преку која ќе бидете свесни, но и ќе управувате со вашите емоции.

1. Воздржете се од моментално прикажување на емоциите

Дали некогаш сте реагирале избрзано за време на напната ситуација за веднаш потоа да се покаете? Дали жалите за нешто што сте кажале без да размислите за последиците? Постои начин како да се справите со овие импулсивни реакции, без разлика дали ви се случуваат постојано или одвреме-навреме. Доволно е да го направите нашиот едноставен трик: следниот пат пред да направите некаква избрзана постапка, доволно е да изброите до 10 за да му дозволите на умот да ја процесира одлуката. На овој начин ќе покажете дека сте во состојба совршено да ги контролирате своите емоции.

2. Водете дневник

Запишувањето на мислите и чувствата може да придонесе за развој на емоционалната интелигенција. Преку дневникот можете исто така да ја промовирате креативноста и самосвесноста. Нека тоа ви премине во секојдневна навика, без разлика дали ќе ѝ се посветите наутро или навечер. Процесот на пишување сам по себе ќе ве поттикне да размислувате како се чувствувате во тој даден момент, како сте се чувствувале во текот на денот и како воопшто се справувате со вашите емоции.

3. Препознајте ги когнитивните предрасуди

Честопати, вашите емоции можат да ве одведат во погрешна насока како резултат на когнитивните предрасуди. Станува збор за опасни грешки при проценувањето на дадена ситуација што можат да ве натераат да донесете лоши одлуки како во професионалниот така и во личниот живот. Обидете се да ги надминете ваквите предрасуди така што ќе им пристапите од сосема поинаков агол.

4. Размислете за вашиот однос кон другите

За полесно управување со вашата емоционална состојба, анализирајте ги секојдневно вашите емоции при комуникацијата со другите. Направете пауза и размислете што можете да научите за себе за време на овие интеракции. Секако, не заборавајте дека е важно да се воздржите од моменталното покажување емоции, особено додека не научите добро да се контролирате.

5. Развијте ја способноста за активно слушање

Многумина слушаат без всушност да слушаат за она што се зборува. Таквата ситуација е сосема вообичаена, особено за време на расправии, кога луѓето заземаат борбен став и го поминуваат времето барајќи одговор во својот ум, наместо навистина да го слушаат соговорникот. Вештината за слушање и емоционалната интелигенција се клучни за решавање конфликти. Кога разговарате со другите, слушајте активно за да се осигурите дека добро го разбирате она за што се дискутира.

Откако ги прочитавте нашите совети за развој на емоционалната интелигенција, можеби ќе сакате да направите и едноставен тест што ќе ви открие колку е висока вашата емоционална интелигенција.

Извор: lifehack.org


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар