Како да ја преживеете зимата?

Студените денови се пред нас и ќе нè стигнат многу скоро. Тоа нека не биде пречка за вашата добра волја. Уживајте во зимата, таа е прекрасна. Практикувајте ги овие 12 активности и не само што ќе ја преживеете зимата, туку и ќе ја обожавате.

1. Наполнете ја кадата

Одвојте време за долго потопување во када со етерични масла и шампони. Ќе ве релаксира и ќе ве одмори. А за таа цел исклучете го телефонот, барем за време на бањата.

1-kako-da-ja-prezhiveete-zimata-kafepauza.mk

2. Вежбајте

Практикувајте го вежбањето, ако ова е премногу амбициозно за вас, барем практикувајте јога. Ќе ве загрее во ладните денови.

2-kako-da-ja-prezhiveete-zimata-kafepauza.mk

3. Читајте книги

Една или две, па и повеќе неделно!

3-kako-da-ja-prezhiveete-zimata-kafepauza.mk

4. Повторно прегледајте ги сите сезони од вашата омилена серија

Или започнете со гледање неколку нови.

4-kako-da-ja-prezhiveete-zimata-kafepauza.mk

5. Поминувајте го времето со деца

Доколку некој ваш роднина или пријателка има бебе почесто посетувајте ги. Со бебињата и децата ќе си играте и ќе ги гушкате. Така вашето време ќе биде исполнето со многу љубов и среќа.

5-kako-da-ja-prezhiveete-zimata-kafepauza.mk

6. Научете да готвите

Научете или усовршете го готвењето. Не поради другите, импресионирајте се себеси!

6-kako-da-ja-prezhiveete-zimata-kafepauza.mk

7. Поминувајте повеќе време со семејството

Одвојте макар еден ден во неделата и посветете го целосно на вашата фамилија, ќе направи да се чувствувате потопло.

7-kako-da-ja-prezhiveete-zimata-kafepauza.mk

8. Дружете сè

И кога ви е ладно и кога не ви е до излегување, излезете. Знаете, секогаш кога не сакате да излезете, токму тогаш се случуваат најубавите вечери.

8-kako-da-ja-prezhiveete-zimata-kafepauza.mk

9. Направете нови комбинации во гардеробата

Одличен повод да ги повикате пријателките, зар не? Со нив ќе дојдете до нови идеи за тоа како да ги направите новите комбинации со облеката во плакарот.

9-kako-da-ja-prezhiveete-zimata-kafepauza.mk

10. Направете маратонски шопинг

Повторно повикајте ги пријателките, посетете ги сите продавници во радиус од 400 километри! Тоа ќе биде одлично поминат ден.

10-kako-da-ja-prezhiveete-zimata-kafepauza.mk

11. Одете на зимување

На секого му е потребна оддишка. Одете на планина, дишете чист воздух, а во ладните ноќи грејте се со партнерот покрај топлата печка.

11-kako-da-ja-prezhiveete-zimata-kafepauza.mk

12. Журкајте сè

Одете на забави, дружете се со различни луѓе, разменувајте енергии, запознавајте се! Споделувајте љубов и среќа, во тоа е содржана убавината.

12-kako-da-ja-prezhiveete-zimata-kafepauza.mk

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар