Како да ја поканите на состанок девојката што ви се допаѓа?

Како да ја поканите на состанок девојката што ви се допаѓа?

Започнувањето сериозна љубовна врска е многу повеќе од пишување пораки. Ако сакате вистински да се поврзете со некого, мора да се сретнете и во живо. Луѓето многу лесно може да се преправаат преку пораките на Интернет. Со други зборови, колку и да пишувате пораки, ако ви се допаѓа некоја девојка, мора да ја викнете на состанок. Иако ова е најтешкото нешто за некои момци, овие совети ќе ви ја направат ситуацијата полесна.

kako-da-ja-pokanite-na-sostanok-devojkata-shto-vi-se-dopagja-kafepauza.mk

1. Обрнете внимание на разговорот

Вашите инстинкти за некоја личност или ситуација може да бидат одличен показател за тоа дали е време да се сретнете во живо. Треба да имате добро претчувство за девојката пред да ја поканите на состанок. Ако често се допишувате можете многу да дознаете за неа, па дури и дали е подготвена за врска. Ако изгледа заинтересирана за вас и за вашите интереси, вашите шанси за успех се поголеми. На крај, ако состанокот не се одвива како што сакате, можеби ќе си заминете дома со нова пријателка.

2. Прашајте ја за нејзината достапност пред да предложите што било

Секогаш прво прашајте ја дали е слободна. Ако е заинтересирана сигурно ќе се обиде да најде слободно време за вас. Дури потоа предложете што да правите. Ако не е заинтересирана за вашиот предлог сепак можете заедно да одлучите каде ќе одите.

3. Разговарајте на теми што се зборуваат на љубовните состаноци

Можеби мислите дека не знаете што очекува една девојка од првиот состанок. Вие можете да ја подобрите вашата шанса доколку разговарате на теми што се зборуваат на состаноците. Разговорите за филмови и храна се одличен избор. Ќе научите нешто повеќе за неа и ќе дознаете кои работи ги сака. Кога ќе покаже интерес за одредена тема, можете да го искористите тоа за да ја поканите на состанок. Можете да ѝ речете да го гледате филмот за кој сте разговарале, или пак да предложите вечера во нејзиниот омилен ресторан.

4. Правете ментални забелешки за работите кои ги спомнала

Ова е најлесниот начин да ја поканите девојката на состанок бидејќи можете да ги користите информациите кои ви ги кажала. Покрај тоа, со ова ќе ѝ покажете дека сте добар слушател. Можете да предложите состанок на некое место кое таа го спомнала или пак, да правите нешто што таа сакала да го направи. Се разбира, нема да мора да се грижите бидејќи веќе ќе знаете дека таа го сака тоа место.

Никогаш нема да знаете ако не прашате

Иако можеби не е лесно, ако никогаш не ја поканите на состанок, ќе продолжите со пишување пораки, па на девојката со тек на време ќе ѝ стане здодевно бидејќи немате храброст за следниот чекор. Да, одбивањата се случуваат, но нели е подобро да ве одбијат на почетокот наместо да вложувате енергија во некој што не е заинтересиран за вас? Ако ве одбие немојте да се грижите, сигурно ќе најдете друга девојка. Бидејќи нели, кога една врата се затвора, друга се отвора.

Погледнете ги и овие совети за успешен прв состанок со личност која сте ја запознале онлајн.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар