И силните жени имаат емоции, плачат и понекогаш со денови не им се станува од кревет!

Силните жени не се нечувствителни. Само затоа што се силни, не значи и дека никогаш не плачеле гледајќи филм или по раскинувањето на долга врска. Тоа не значи дека нивните очи не се насолзиле и за некоја глупост. Нивните лица не се секогаш сериозни, како што сите останати ги замислуваат.

i-silnite-zheni-imaat-emocii-plachat-i-ponekogash-so-denovi-ne-im-se-stanuva-od-krevet-www.kafepauza.mk

Силните жени се постојано во допир со своите емоции. Тие се искрени за начинот на кој се чувствуваат и никогаш не лажат никого, особено себеси. Едноставно исфрлаат сè што имаат во себе и не дозволуваат да им се насобере негативност што понатаму ќе ги „јаде“ однатре. Со нив можете да бидете сигурни дека никогаш нема да има експлозија од насобрани емоции.

Силните жени по завршувањето со плачењето, откако ќе исфрлат сè негативно од својот систем, се способни да го избришат лицето и да се вратат на своите обврски. Тоа значи дека нема да дозволат солзите вечно да им течат и ќе се пробијат низ тагата право кон среќата.

Силните жени, како и сите останати, имаат денови кога се чувствуваат необјасниво уморно, кога едноставно само сакаат да спијат додека не заврши неделата. И да, понекогаш ќе сакаат и цел да останат во кревет, но тие наоѓаат начин да станат, да се дотераат и да излезат надвор, притоа завршувајќи ги своите обврски со насмевка на лицето.

Силните жени се сомневаат во себе, во својата способност и се плашат дека нема да успеат или дека тоа што го прават едноставно не вреди, но сепак не дозволуваат да ја изгубат вербата во себе и постојано продолжуваат да се движат кон замислените цели. И покрај сомнежите, тие не се откажуваат од соништата, од иднината… од себеси!

Силните жени не треба да веруваат дека можат да се справат со сè што ќе им донесе животот, без никаква надворешна помош. Тие се доволно паметни да ја анализираат секоја ситуација и да одлучат трезвено дали нешто можат да направат или треба да побараат помош. Наместо да бидат тврдоглави, тие знаат дека никој не може да успее сам.

Ако мислите дека сте силна жена, прочитајте го и ова!


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар