Како да ја надминете несигурноста во врската?

Како да ја надминете несигурноста во врската?

Кога не знаете како да бидете во здрава врска, несигурноста може да има влијание на речиси сè – од тоа како го одбирате партнерот, до тоа како се однесувате со него. Понекогаш вашите несигурности може да ѝ стават и крај на вашата врска ако не знаете да се контролирате. Иако можеби единствениот начин да се ослободите од ова е да научите да бидете сигурни во врската, потребно е многу напор и труд за вашата врска да успее.

(5)kako-da-ja-nadminete-nesigurnosta-vo-vashata-vrska-kafepauza.mk

Се разбира понекогаш постојат и причини за несигурности. Партнерот може да биде неверен, да се заканува и слично. Но, најчесто несигурностите се јавуваат и кога нема вакви ситуации. Ако вашиот партнер е добар, комуникативен и ве сака и ве цени, но сепак се чувствувате несигурно, тогаш морате да пронајдете начин да ги отфрлите тие негативни мисли. Еве неколку работи кои можеби ќе ви помогнат.

1. Откријте го изворот на вашата анксиозност

(1)kako-da-ja-nadminete-nesigurnosta-vo-vashata-vrska-kafepauza.mk

Несигурноста во врската потекнува од некаква анксиозност. Овој страв може да биде за вашето место на светот, вашиот придонес во врската, па дури и за вашата работа. Иако вашата врска е местото каде што се појавува оваа анксиозност, не мора да значи дека таа е причината за истата. Дали ги проектирате вашите грижи од сосема друга област врз вашиот партнер? Или пак тој навистина прави нешто што ве прави несигурни? Размислете добро за ова пред да разговарате со вашиот партнер.

2. Оставете го телефонот и разговарајте лице во лице

(2)kako-da-ja-nadminete-nesigurnosta-vo-vashata-vrska-kafepauza.mk

Никогаш не треба да разговарате за сериозни теми преку телефон. Исто така не треба постојано да му пишувате пораки на партнерот за да ги избегнете вашите несигурности. Ако се чувствувате несигурно веројатно постојано се обидувате да го контактирате партнерот, но сето ова само ја влошува ситуацијата. Обидете се да го намалите разговорот со партнерот во текот на денот. Кога нема постојано да бидете со телефонот во рака, можеби ќе научите да уживате и во сегашноста. Ова ќе го намали притисокот кој му го создавате на партнерот. Кога ќе го оставите телефонот, дури тогаш навистина ќе бидете со вашиот партнер кога сте заедно. Но и ќе научите да се воздржите кога сте разделени.

3. Откријте што ве прави среќни

(3)kako-da-ja-nadminete-nesigurnosta-vo-vashata-vrska-kafepauza.mk

Кога се чувствувате несигурно вашето цело внимание сигурно е насочено на работите кои не функционираат во врската. Партнерот кој се грижи за вас и кој ви е посветен ќе го забележи ова и ќе помисли дека не е доволно добар за вас. Кога сте во врска лесно е да заборавите дека вашиот партнер не може да ви биде сè. Ако се чувствувате несигурно, и покрај најдобрите намери на партнерот, секогаш кажете му ги работите кои ги сакате кај него. Кога се фокусирате само на работите кои не функционираат, врската речиси сигурно нема да успее.

4. Гледајте го партнерот како што сакате тој да ве гледа вам

(4)kako-da-ja-nadminete-nesigurnosta-vo-vashata-vrska-kafepauza.mk

Многу е лесно да заглавите во своите мисли кога сте несигурни во врската. Анксиозноста како да ги стеснува вашите погледи. Можеби ќе заборавите дека во врската се вклучени двајца, а вашите несигурности ќе имаат влијание на партнерот. Треба да му обрнете внимание и на вашиот партнер бидејќи голема е веројатноста и тој да има некои несигурности.

Нездравата шема во врската може да се среди ако имате партнер кој ќе сака да работи со вас на вашите несигурности. Но, за ова е потребен труд, а несигурностите нема да исчезнат преку ноќ. Ако се чувствувате несигурни, дури и кога вашиот партнер целосно ви е посветен, имајте доверба дека кога заедно ќе работите на проблемот, вашата врска ќе стане многу посилна.

Прочитајте уште нешто за несигурноста и за тоа како да ја надминете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар