Како да ја комбинирате свилената блуза и да изгледате неодоливо?

Како да ја комбинирате свилената блуза и да изгледате неодоливо?

Свилената блуза никогаш нема да излезе од мода, но понекогаш таа знае да биде навистина тешка за комбинирање. Да останете доследни на модните трендови додека се обидувате да смислите добри комбинации користејќи традиционални парчиња облека може да биде потешко одошто мислите. Токму затоа и решивме да ги споделиме овие совети со вас, со цел да изгледате гламурозно, но и модерно во омилената свилена блуза.

Ако решите да носите свилена блуза, вие ризикувате да изгледате премногу дотерано за одредени прилики. Токму затоа и ве советуваме да се држите до едноставните модни парчиња. Свилената блуза идеално ќе се вклопи со фармерки и едноставни штикли.

Свилената блуза во пастелна боја, одлично стои со пастелни панталони. Овој изглед е многу нежен, а истовремено и совршен за сите бизнис прилики. Можете да додадете и аксесоари во смели бои, по желба.

Модерно е да комбинирате различни материја. Тоа значи дека свилената блуза одлично ќе оди и со кожното црно здолниште. Ако си играте со материјалите, обидете се да ставите колку што е можно помалку бои на себе, за да не изгледате пренатрупано.

Совршено ќе изгледате и во монохроматска модна комбинација. Користете различни нијанси на истата боја и осмислете аутфит кој ќе биде пригоден за различни прилики. На пример, свилената блуза со панталони со висок струк, заедно со коцкеста торба и класични штикли е еден од најсофистицираните бизнис изгледи.

Сите љубители на боите треба да имаат свилена блуза во шкафот. Ништо не изгледа толку добро колку свилена блуза во силна боја, во комбинација со шарени панталони со интересен принт и големи чевли.

За личностите кои преферираат класика, свилената блуза во пастелни бои, структурираниот блејзер и панталоните во силни бои имаат потенцијал да станат нивната нова омилена и незаборавна комбинација.

Со оглед на тоа дека свилената блуза совршено оди со различни аутфити и стилови, сигурно ќе го пронајдете најдобриот начин да ја комбинирате според вашиот вкус. Станува збор за парче облека што никогаш нема да излезе од мода, па затоа и дефинитивно вреди да инвестирате во неа.

Дознајте и како да ја претворите свилената марама во модерно летно парче облека.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар