Како да излезете на крај со овие 4 видови иритантни пријателки?

Како да излезете на крај со овие 4 видови иритантни пријатели?

Кога би можеле да бираме, сите би ги одбрале совршените пријатели, оние кои најмногу одговараат на нашиот карактер. А под „совршени“ пријатели мислиме на оние кои никогаш не доцнат, не мислат само на себе и не се скржави. Но, реалноста е малку поразлична. Токму затоа составивме листа од пријатели чии навики понекогаш знаат да нè полудат, но за среќа, можеме да им помогнеме да се променат со само еден искрен разговор.

Како да излезете на крај со овие 4 видови иритантни пријатели?

1. Пријателот кој секогаш доцни

Понекогаш си помислувате дека тој/таа не поседува час или мобилен телефон каде што би можел/а да го провери времето, па токму затоа секогаш доцни барем по 15-тина минути. Овој проблем можете многу лесно да го решите доколку јасно и гласно му/ѝ објасните дека вашето време ви е драгоцено и дека со доцнењето тој/таа всушност ве навредува.

2. Пријателот кој секогаш има најголеми проблеми во животот

Неговата/нејзината работа е најтешка, шефот најлуд, сметката во банка во најлоша состојба, станот му/ѝ е секогаш нечист, а девојката/дечкото никогаш нема разбирање за него/неа. Сите ние сме одвреме-навреме егоцентрични личности, па можеби вашиот пријател само поминува низ таква фаза. Но, доколку ова постојано се случува, тогаш искрено објаснете им дека вие не постоите за постојано да ги трпите нивните жалења и доколку навистина има потреба би ги сослушале, но во спротивно потребно ви е и тие да одвојат малку време за вас.

3. Пријателот кој е секогаш негативен

Живееме во тешко време, па токму затоа она што најмалку ни треба во нашиот живот е личност која секогаш ја гледа негативната страна. И покрај тоа што одвреме-навреме таквиот став е сам по себе логичен, премногу честото повторување може да предизвика и вие да го изгубите оптимизмот. Токму затоа објаснете му/ѝ ги сите предности на позитивното гледиште, а потоа понудете му/ѝ помош околу тоа што навистина го/ја мачи. Можеби тие не ни сфаќаат колку негативно влијаат врз другите.

4. Пријателот кој никогаш ништо не плаќа

Кога станува збор за пријателство, никогаш не е проблем да се плати сметката на оној кој навистина не може тоа да си го дозволи во моментот. Но, кога ситуацијата е спротивна, а се случува истото, тогаш време е за искрен разговор. Доколку ви е непријатно веднаш да преминете на главното, започнете така што нареден пат ќе оставите на масата пари само за она што вие сте го порачале. Нема да му/ѝ треба долго време да сфати за што станува збор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар