Како да изгледате луксузно со мал буџет?

Како да изгледате луксузно со мал буџет?

Сите понекогаш доживуваме финансиска криза. Можеби предвреме сте го потрошиле џепарлакот или месечната плата, а можеби се трудите да заштедите за нешто важно во иднина. На дамите тешко им паѓа таа криза знаејќи дека истата директно ќе се одрази врз нивниот изглед, а со тоа и на нивното расположение. Но, не мора да биде така. Еве неколку трикови како да изгледате и да се чувствувате убаво, дури луксузно со ограничен буџет.Како да изгледате луксузно со мал буџет?

Средени нокти

Сигурно сте забележеле колку добро се чувствувате после маникир. Ноктите можеби навидум се ситница, но тие се одраз на една дама. Знаејќи дека вашите нокти се средени, вие подобро ќе се чувствувате. Најдете евтина понуда за маникир во салон за убавина или направете си домашен маникир за да заштедите повеќе.

Обрнете внимание на аксесоарите

Одберете убава марама и „зачинете“ го вашиот изглед. Нема подобар и поефективен начин да изгледате фенси со мал буџет. Не само што можете да ги најдете по прифатливи цени, марамите може да ги комбинирате на речиси секакви аутфити и различни временски услови. Исто така, може да одберете различни начини на врзување на марамата, за да го постигнете посакуваниот изглед. И најобична комбинација добива поинаков шмек кога ќе додадете марама. Само внимавајте да ја одберете соодветно со боите на вашата облека, материјалот и временските услови.Како да изгледате луксузно со мал буџет?

Само малку луксуз

Можеби не можете да си дозволите многу луксуз, но не значи дека не можете да си дозволите малку. Сигурно во вашиот плакар или кутија со накит имате барем едно парче, а толку е доволно. Не мора да биде некаква марка на облека, зборувам за вашата омилена чантичка, марама или ланче кое изгледа префинето. Додадете го, но без претерување. Не сакате да изгледате како новогодишна елка, сакате само малечок луксузен допир.

Сменете нешто

Малиот буџет може да влијае депресивно. Не дозволувајте да ве обземе досадата и да почнете да си бидете здодевни дури и на самите себе. Направете мала промена во вашиот имиџ, а најлесен и најбрз начин е промената на вашата фризура. Еве неколку трикови: скратете шишки, толку едноставен потег, а веднаш носи забележителна промена, извиткајте ја косата доколку ви е права или испеглајте ја доколку имате виткана коса. На тој начин ќе си внесете една свежина во вашиот изглед и ќе го одвлечете вниманието од нештата кои не сакате да бидат забележани.Како да изгледате луксузно со мал буџет?

Доколку купувате нешто, купете неутрална боја

Ако се одлучите да купите парче облека или сте нашле нешто по прифатлива цена, одберете неутрална боја како бела, крем или црна. На тој начин парчето облека лесно ќе го комбинирате со облеката која ја имате, а лесно ќе додадете некаков аксесоар како марама или накит.Како да изгледате луксузно со мал буџет?

Високи потпетици

Еве една докажана вистина, кога на вашиот изглед ќе додадете високи потпетици сè се менува. Одвлечкајте го вниманието кон вашите високи потпетици. Комбинацијата може да ви биде наједноставна, како тесни фармерки и кремава кошула, но високите потпетици едноставно менуваат сè и го збогатуваат вашиот изглед. Колку е прекрасно тоа?Како да изгледате луксузно со мал буџет?

Внимавајте на вашите манири

Она што ве прави дама и што ви помага да изгледате стилски се вашите манири и вашето однесување, а не облеката која ја носите. Не е битно колку сте луксузно облечени, доколку немате манири сè паѓа во вода. Она што се брои е вашиот став, движењето, енергијата која ја пренесувате и културните навики кои ги поседувате. Движете се со самодоверба и однесувајте се како дама, со тоа сте завршиле голем дел од работата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар