Шест чекори до совршен домашен маникир

6 чекори до совршен домашен маникир

Изгледот на ноктите е многу важен за една дама. Не мора да се долги или впечатливо излакирани – најважно е да се средени. Наместо да давате пари по козметички салони, еве совети за тоа како да си направите совршен маникир во домашни услови.

Шест чекори до совршен домашен маникир

Соберете ги сите потребни алатки

Најважно е да бидете организирани. Најдете широка и рамна површина каде ќе го правите вашиот маникир (како вашата работна масичка на пример), и соберете ги сите потребни материјали. Клучно е да ги имате на дофат за да не си го уништите маникирот барајќи нешто што ви е потребно за следниот чекор.

Еве што ќе ви биде потребно:
  • Сапун
  • Четка за нокти
  • Малечка крпа (која ќе ја употребувате само кога правите маникир)
  • Отстранувач на лак за нокти или ацетон
  • Четка со накосен врв
  • Парчиња памук
  • Турпија за нокти
  • Гел за омекнување кутикули
  • Алатка за отстранување кутикули
  • Лосион за раце
  • Основа за лак за нокти
  • Лак/ови во боја
  • Лак за сјај на ноктите (за давање сјај може да се користи проѕирен лак)

Шест чекори до совршен домашен маникир

Чекор 1

Отстранете го лакот кој претходно сте го нанеле на вашите нокти. Доколку бил потемен користете отстранувач на лак кој содржи повеќе ацетон. Не заборавајте целосно да ги избришете вашите нокти, особено обрнувајќи внимание на каревите. Потоа добро измијте ги со сапун, а доколку имате време пожелно е да си направите некаква купка или пилинг за дланките. Додека ги миете дланките, искористете ја четката за нокти и добро протријте ги. Така ќе омекнат и кутикулите и ќе ви биде полесно подоцна да ги отстраните. Откако ноктите се совршено чисти, преминуваме на следниот чекор.

Шест чекори до совршен домашен маникир

Чекор 2

Средете ги вашите нокти да бидат еднакви по големина. Доколку еден ви се скршил, скратете ги и останатите. Нееднаквата должина не остава убав впечаток колку и маникирот да е добар. Добро истурпирајте ги ноктите по краевите, врвовите и површината. Имајте трпение. Потоа одлучете каква форма ќе им дадете, дали ќе бидат прави, заоблени или заострени на врвовите. Доколку ноктите ви се кршливи, подобро направете го маникирот на сосема кратки нокти. Никој не вели дека кратките нокти не се женствени и слатки, напротив.

Чекор 3

Откако сте задоволни со должината на ноктите, време е да ги отстраните кутикулите кои не се пожелна појава. Најпрво нанесете гел за омекнување кутикули на едната рака. Почекајте да се впие и отстранете ги со алатка. Избришете ги добро прстите со помош на малечка крпа, а потоа повторете ја оваа постапка на другата рака. Овој чекор не е неопходен секогаш кога правите маникир, туку еднаш или два пати месечно. Измијте ги рацете и нанесете лосион или крем за раце. Нанесете го и добро размачкајте за да се впие во кожата.

Шест чекори до совршен домашен маникир

Чекор 4

Нанесете ја основата за лак за нокти. Пожелно е да одберете некоја со состојки за зацврстување на ноктите. Прво излакирајте ја левата рака, па потоа десната. Не чекајте лакот кој го нанесовте како основа да се исуши сосема, нема потреба. Плус, секако ваквите козметички препарати не бараат долго време за сушење, па вака заштедувате време.

Нанесете прво еден тенок слој од лакот во боја кој сте го одбрале. Бидете внимателни, колку помалку неред правите, толку помалку време ќе ви биде потребно за средување подоцна. Не лакирајте ја целата површина на ноктите, избегнувајте ги краевите.

Нанесете еден слој на левата рака, па еден слој на десната. Потоа нанесете го вториот слој на ноктите од левата рака. Нанесувајте тенки слоеви и не брзајте. За добар маникир секогаш е потребно внимание и време. Не заборавајте дека секогаш е полесно да се додаде отколку да се одземе. Нанесете уште еден слој доколку сакате бојата да ви биде потемна, но не претерувајте со нанесување.

Шест чекори до совршен домашен маникир

Чекор 5

Сега е време да се среди нередот околу ноктите. Земете ја алатката и внимателно поминете по површината на кожата околу ноктите за да го отстраните лакот кој е таму каде не му е местото. Потоа земете ја четката и внимателно натопете ја во ацетон. Поминете по внатрешните краеви на ноктите.

Чекор 6

Нанесете проѕирен лак за сјај на ноктите и чекајте подолго време за целосно да се исушат ноктите. Не би сакале да се размачкате или да оставите дел од вашиот лак по облеката или предметите околу вас. Откако целосно ќе се исушат ноктите, измијте ги рацете и нанесете лосион. Пожелно е да употребите некое од бебешките масла за подобар ефект и помека кожа.

Тоа е тоа, вашиот маникир е готов, а вашите нокти изгледаат совршено. Никој не би помислил дека сте го направиле тоа вие – непрофесионалец во ова поле и тоа во домашни услови.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар