Како гарантирано да им се допаднете на луѓето со помош на ефектот Бенџамин Френклин?

Сигурно безброј пати сте посакале да можевте да искористите магично стапче и другите веднаш да ве засакаат. Иако не постои формула за спријателување, сепак има неколку интересни трикови што ќе ви помогнат во тоа. Еден од овие трикови е ефектот Бенџамин Френклин.

Како да им се допаѓате на луѓето со помош на ефектот Бенџамин Френклин?

Што претставува ефектот Бенџамин Френклин?

Во неговата позната автобиографија, Френклин има раскажано приказна од неговиот живот кога напишал писмо до еден негов политички ривал и го замолил да позајми негова ретка книга. Ривалот му дозволил, а Френклин му напишал и порака за заблагодарување кога му ја вратил.

Оттогаш, неговиот ривал му станал пријател, а пријателството траело до крајот на животот.

„Оној кој еднаш ви направил добро, ќе биде поподготвен да ви направи уште едно за разлика од оној кој самите сте го обврзале.“ – Бенџамин Френклин

Со други зборови, има поголеми шанси да ѝ се допаѓате на личноста доколку ви направила некаква услуга.

Иако звучи контрадикторно, благодарение на едно ново истражување, знаеме дека има вистина во мудроста на Бенџамин.

Во истражување од 2014-та година, испитаници од САД и Јапонија биле набљудувани додека работеле на разни проекти. Се открило дека на испитаниците повеќе им се допаѓале личностите кога им побарале помош. Слични резултати покажало и претходно истражување од 1969-та година.

Применување на ефектот

Па, како да го примените овој ефект во вашиот живот? Овие примери се едноставни, но навистина корисни во врските и во комуникацијата.

  • Замолете колега да ви позајми пенкало.
  • Замолете ја личноста што ви се допаѓа да направи фотографија од вас и од вашиот пријател.
  • Кога сакате да се поврзете со пријател со којшто сте се оддалечиле, замолете го да ви испрати некој негов рецепт што ви се допаѓал.

Ова се само неколку примери и постојат безброј други начини да го искористите ефектот. Па, кога сакате да се поврзете со некого, без разлика дали е странец или ривал, едноставно побарајте некаква услуга од него.

Дознајте и како да ги привлечете вистинските пријатели.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар