Како да го спречите емоционалниот багаж да влијае врз вашите одлуки?

Како да го спречите емоционалниот багаж да влијае врз вашите одлуки?

Од исклучителна важност е да научите како да се справувате со емоционалниот багаж и да не дозволувате да влијае врз вашите одлуки. Терминот „емоционален багаж“ се однесува на сите спомени (особено болните) кој ги обликува вашите ставови и верувања, влијае врз начинот на кој се гледате себеси и начинот на кој се однесувате кон другите. Еве неколку совети како да не дозволите болните спомени да влијаат врз вашата сегашност и ментална благосостојба.

Како да го спречите емоционалниот багаж да влијае врз вашите одлуки?

1. Препознајте ги вашите проблеми

Еден од првите чекори што морате да го направите ако сакате да се справите со емоционалниот багаж е да ги идентификувате вашите проблеми со оглед на тоа дека не можете да се справите со нешто ако не знаете што е тоа. Навратете се на вашето детство како и на сите досегашни значајни врски за да откриете дали одредени работи ве повредиле и трауматизирале.

2. Размислете што е она што ве навраќа на болните спомени

Овде може да станува збор за разноразни настани или луѓе кои можат да ве потсетат на минатото и на неубавите спомени. На пример, некој од поранешните партнери ве изневерил, а вие не сте успеале да ја пребродите таа ситуација. Така, честопати ви се случува да се сомневате во лојалноста на сегашниот партнер без да имате некакви докази за тоа.

3. Признајте ги своите емоции

Во таквите моменти обидете се да ги признаете емоциите, но не дозволувајте тие да ве контролираат. Важно е да не се обвинувате себеси што се чувствувате така бидејќи ви треба време да ги надминете траумите од минатото. Доволно е да ги споделите со некој близок во кој имате доверба.

4. Бидете трпеливи

Во сиот овој процес важно е да имате трпение бидејќи потребно е време да зараснат раните од вашето минато, а тоа не може да се случи преку ноќ. Време е да почнете да работите на нови навики кои ќе ги заменат старите и ќе ви помогнат да ги достигнете вашите цели. Бидете трпеливи и исчистете го умот од сите тие непријатни мисли. На тој начин ќе ги надминете сите пречки од минатото.

5. Замислете се себеси како среќна личност

Обидете се да замислите како би изгледало кога би се ослободиле од сиот тој багаж! Несомнено ќе се чувствувате послободни, ќе можете да размислувате појасно и ќе уживате повеќе во секој сегашен миг.

6. Не плашете се да побарате помош

Доколку се чувствувате преоптоварен или доколку не знаете како да се справите со сите тие болни искуства и емоции од минатото побарајте помош од другите. Можете да отидете кај терапевт кој ви помогне да се справите со тие проблеми или да поразговарате со некој од вашите најблиски кој ќе ви понуди поддршка и разбирање.

Откако прочитавте како да не дозволите емотивниот багаж да ви влијае во животот, можеби ќе сакате да прочитате и како да престанете да се обидувате да ги поправате луѓето и да ги прифатите такви какви што се.

Извор: allwomenstalk.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар