Тест: Омилената слика ќе ви открие кој е вашиот нерешен судбински предизвик!

Тест: Омилената слика ќе ви открие кој е вашиот нерешен судбински предизвик!

Секој од нас се соочува со одредени предизвици во животот. Голема е веројатноста дека тоа се должи на кармата од претходниот живот која нè следи во сегашниот. Изберете една од овие три слики за да дознаете кое е вашето нерешено кармичко прашање.

Тест: Омилената слика ќе ви открие кој е вашиот нерешен судбински предизвик!

  • Слика бр. 1

    Во минатиот живот поголемиот дел од времето сте го поминувале сами и изолирани со оглед на тоа дека сите ве напуштиле. Ова е причината зошто во овој живот ги негувате вашите односи со другите и ќе направите сè што е можно за да спречите распаѓање на кој било однос. Понекогаш го гледате само доброто во личноста и сиот нејзин потенцијал, па тешко ви е да престанете да ја идеализирате личноста, особено доколку врската станува токсична. Кога тоа ќе се случи се борите да ја одржите врската „во живот“ колку што е можно подолго. Ова се должи на вашиот страв дека ќе бидете осамени или дека нема да наидете на нечие одобрување. Доколку навремено ги увидите предупредувачките знаци, ќе се поштедите себеси од болка и разочарување. Овој предизвик може да биде поврзан со било која од вашите врски, без разлика дали се работи за вашиот однос со пријателите, партнерот, семејството или колегите.

  • Слика бр. 2

    Во претходниот живот сте поминале низ многу тешки ситуации, а непромислените одлуки ви донеле несреќни резултати. Токму вашите одлуки ве довеле до ризик вас и другите, било финансиски било физички. Овие грешки, пак, во голема мера влијаат врз вашата ниска самодоверба во овој живот. Не заборавајте дека постојат неколку начини за да се реши овој проблем. На пример, одвојте време за да размислите внимателно за вашите одлуки, при што ќе ги истакнете сите мудри и успешни постапки кои сте ги направиле во минатото. Друг начин е да не барате премногу туѓи мислења и совети. Во спротивно, тоа ќе направи да се чувствувате само уште повеќе збунети.

  • Слика бр. 3

    Во минатиот живот многупати сте биле жртва на измама и манипулација. Токму ова ве „научи“ да се држите настрана од другите и затоа понекогаш не знаете кому да му верувате. Во овој живот ќе наидете на луѓе кои ќе ја тестираат довербата што ја чувствувате кон нив. Најважно од сè е да обратите внимание на вашата интуиција и да им верувате на луѓето кога ќе ви се покажат онакви какви што се. Не заборавајте дека знаците се секогаш тука, можеби не на почетокот, но постојат. Најдобро е да одвоите време за да се поврзете со луѓето додека ги запознавате. По околу 3 месеци, ќе имате доволно јасна слика за каков тип на луѓе станува збор, а потоа можете да донесете одлука дали заслужуваат да бидат ваши пријатели или познајници.

Доколку се забавувавте со овој мал тест на личноста, можеби ќе сакате да направите и друг за да го добиете советот кој ви е најпотребен во моментот.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар