Како да го направите првиот чекор без да оставите лош впечаток?

Веќе одамна жените докажаа дека се рамноправни со мажите на повеќе животни полиња. Едно од нив е и љубовта и сѐ што оди со неа, вклучувајќи го и оној фамозен прв чекор. Доколку некое момче ви се допаѓа, не чекајте на него и дајте му до знаење дека сакате да поминувате време со него. Но, како тоа да го направите умешно, без да оставите лош впечаток?

Како да го направите првиот чекор без да оставите лош впечаток?

Останете верни на себе

Многу девојки грешат со тоа што лажно му се претставуваат на момчето кое им се допаѓа, сѐ со цел да го добијат неговото внимание. Дури и ова да им успее, темелот на ваквата врска ќе биде една голема лага. Тешко е долго време да ги занемарувате своите вистински интереси и кога-тогаш вистината ќе излезе на виделина. Најдобриот начин да го привлечете е со своите квалитети, кои сигурно ги имате.

Покажете му дека сте отворени и дружељубиви

Ова е тешко да се изведе, особено доколку сте срамежливи по природа. Иако голем дел од мажите сакаат тивки и срамежливи жени, доброто расположение и отворената комуникација се одличен начин да се преземе иницијатива од нечија страна. Но, внимавајте да не бидете прегласни и имајте на ум дека не секогаш мора да бидете во центарот на вниманието.

Успорете го темпото

Ако сте на почетокот од врската, оставете ги работите да се одвиваат по својот природен тек. Не почнувајте да го планирате вашето венчавање, а уште полошо, не го споделувајте тоа со него.

Некои работи задржете си ги за себе

Ако во удобноста на вашата соба пишувате долги љубовни песни кои му ги посветувате нему, не му ги покажувајте веднаш затоа што ќе го преплашите. Дајте му до знаење дека ви се допаѓа со неколку убави зборови. Знаете дека за првото „те сакам“ треба да почекате, нели? Но, дозволете да почувствува дека ви е драг.

Шармирајте го со флерт

Ова сѐ уште е најуспешниот начин за преземање иницијатива, но повторно треба да бидете внимателни. Посветете му мало внимание, испратете му неколку погледи, поставете ги вистинските прашања во вистинското време и убаво насмејте му се. Со овие ситници ќе го добиете неговото внимание и ќе му стане јасно дека му се допаѓате.

Не го гушете

Зар не ве плаши и вас кога некој ќе ви се залепи и не ви дава да дишете цела вечер? Или кога сака да ви помогне за сѐ? Или кога од вас бара помош за секоја ситница? Ни момците не го сакаат тоа, затоа не претерувајте. Покажете му дека сте самостојни и дека сте способни да се грижите за себе.

Сѐ уште не сте сигурни дека треба да го направите првиот чекор? Еве неколку причини зошто девојките треба први да преземат иницијатива кога некој им се допаѓа.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар