Како да го избегнете ефектот на испукана пудра на кожата?

Магичните својства на пудрата ги покриваат сите несовршености на вашето лице и ја извлекуваат вашата убавина во преден план. Но, понекогаш се случува пудрата на кожата да не изгледа привлечно, туку повеќе изгледа избраздено и испукано. Во што е проблемот? Клучот за постигнување беспрекорен изглед на пудрата за лице е во добрата основа. Ако лицето не е соодветно подготвено за нанесување пудра, нема да изгледа убаво. Мртвите клетки на кожата кои не се отстранети со пилинг и дехидрираната кожа ја апсорбираат пудрата како сунѓер, а кожата изгледа како сува земја што чека дожд. Во продолжение прочитајте како да го избегнете лошото нанесување пудра.

Како да го избегнете ефектот на испукана пудра на кожата?

Темелно чистење на лицето

Секојдневната рутина за чистење на лицето е клучна за убава и негувана кожа, без траги на мртва кожа. Експертите препорачуваат чистење на лицето двапати на ден, освен ако немате проблематична кожа склона кон акни. Чистење се препорачува со благи средства на дневна основа, додека еднаш неделно, пожелно е да правите пилинг на лицето.

Хидратација на лицето

За да избегнете сув изглед на лицето по нанесувањето на пудрата, погрижете се да биде соодветно хидрирано. Обрнете посебно внимание на регионот околу очите, усните и челото, кои се највидливи кога станува збор за сувоста. Хидратантните кремови и тоникот треба да бидат вашето тајно оружје за нега на лицето, особено во постудените денови.

Користете масло за лице

За дополнителна борба против проблемот со сува кожа, користете масло за лице. Неколку капки ќе бидат доволни за вашата кожа да биде доволно еластична, негувана и подготвена да нанесете пудра.

Нанесете ја пудрата добро

Кога нанесувате пудра, погрижете се да ја нанесете на секој сантиметар од лицето со малку влажен сунѓер за шминка. Не нанесувајте повеќе слоеви кои несомнено ќе распукаат на вашата кожа порано или подоцна.

Отстранете го вишокот пудра

Ако мислите дека на вашето лице има премногу пудра, нема потреба да се грижите. Едноставно користете сунѓер за шминкање и отстранете го вишокот со нежни потези. Сè што не му е потребно на лицето, не треба ни да биде таму, а особено вишокот пудра.

Не нанесувајте многу пудра на деловите на лицето каде што имате брчки

Наспроти мислењето на припадничките на понежниот пол дека е потребно да се покријат сите брчки и линии на лицето со пудра, експертите советуваат дека помалку е всушност повеќе. Сите региони на лицето каде што има линии треба да се третираат со нанесување малку пудра.

Прочитајте зошто природните производи за убавина може да направат повеќе штета отколку корист.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар