Како да ги зајакнете вашите коски без млечни производи?

Како да ги зајакнете вашите коски без млечни производи?

„Без разлика што ни кажуваат со години наназад, луѓето немаат никаква потреба од млеко кое можеби дури и повеќе ни штети отколку што ни прави добро.“ – д-р Дејвид Лудвиг.

Како да ги зајакнете вашите коски без млечни производи?

Дејвид Лудвиг е основач на Фондацијата за спречување дебелина во детската болница во Бостон и Медицинското училиште на Харвард.

„Луѓето немаат потреба од животинско млеко, скорешен додаток во нашата исхрана. Анатомски модерните луѓе ги добивале сите прехранбени материи пред припитомувањето на животните кои даваат млеко. Низ целиот свет, стапката на скршени коски е пониска во државите кои не консумираат млеко за разлика од оние кои го користат. Покрај тоа, млекото не ги штити возрасните од скршеници на коски.“

Според Дејвид, постојат многу начини да ги зајакнете вашите коски без млеко и млечни производи, а ова се 5-те најдобри.

1. Кељ

Зготвениот кељ е најдобриот вегетаријански извор на калциум. Само 340 грама кељ содржат 245 милиграми калциум, 24% од препорачаната дневна доза. Покрај тоа, кељот е богат со антиоксиданси кои помагаат во борбата против болести. Одличен е за подобрување на дигестијата бидејќи содржи 5 грама хранливи влакна во една порција.

2. Бел грав

Гравот е најевтиниот извор на протеини кои се важни за коските колку и калциумот. Белиот грав содржи 191 милиграм калциум во 340 грама. Белиот грав е богат и со антиоксиданси, хранливи влакна и железо.

3. Вежбање

Вежбањето со тегови не само што е добро за вашата мускулна маса, туку го подобрува и одржува здравјето на коските. Неколку истражувања покажале дека вежбањето со тегови ги штити жените од слабеење на коските на која било возраст. Вежбањето со тегови и вежбањето со отпор го штитат здравјето на коските дури и кај возрасните со помеки коски.

4. Одржувајте здрава тежина и балансирана исхрана

Здравата телесна тежина го поддржува здравјето на коските. Ниската телесна тежина е поврзана со поголем ризик од остеопороза. Се разбира, многу е полесно да ја одржувате тежината со правилна исхрана. Покрај храната на оваа листа, консумирајте многу зрна, овошје и зеленчук. Исто така пијте многу вода бидејќи го зголемува бројот на согорени калории во текот на денот.

5. Омега 3 масни киселини

Во едно истражување луѓето кои консумирале храна богата со омега 3 имале поголема густина на коските на колковите и ‘рбетот. Овие резултати укажуваат дека овие масни киселини можеби имаат важна улога во здравјето на коските во староста. Со други зборови, масните кисели го поттикнуваат создавањето на нови коски. Иако рибата е најдобар извор за овие масни киселини, постојат и многу растенија кои се богати со омега 3 како чиа семе, ленено семе и ореви.

Прочитајте и како да ја спречите остеопорозата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар