Остеопороза – што сѐ можете да направите за да ја спречите?

Коските се еден од најважните органи во човечкиот организам и потребна им е посебна нега, за да останат здрави и долговечни. Со текот на годините, нивната густина се намалува и се зголемува ризикот за создавање остеопороза, а како последица доаѓа до разни скршеници.

1-osteoporoza-shto-sѐ-mozhete-da-napravite-za-da-ja-sprechite-www.kafepauza.mk_

Остеопорозата е болест во зрелата доба која настанува поради намалување на коскената маса и нарушување на градбата на коските, поради што тие стануваат крути и подложни на скршеници. Приближно 10% од целокупната популација има остеопороза, а почесто се јавува кај жените отколку кај мажите. За да ја избегнете оваа болест, неопходно да внесувате доволна количина на калциум и витамин Д, да избегнувате цигари и алкохол, да одржувате нормална телесна тежина и да се занимавате со вежбање.

Секојдневните вежби за одржување на добрата форма, како што е пешачењето, шетањето, занимавањето со спорт и вежби за истегнување на мускулите, се услов за здрав живот воопшто, но се посебно значајни во превенцијата на остеопороза, за да се спречи губењето на коскена маса.

Вежбите даваат добри резултати единствено доколку се прават редовно, а првенствено се наменети за жените кај кои постои голем ризик од остеопороза: слабите личности, личности со изразени генетски предиспозиции, личности со зголемена работа на тироидната жлезда и жените во менопауза.

Урамнотежено внесување на калциум и витамин Д

Калциумот е од витално значење за одржување на цврсти и здрави коски, а витаминот Д е важен, бидејќи помага во апсорпцијата на овој елемент. За жал, многу е тешко да внесете доволна количина на витамин Д низ исхраната. На располагање се ограничен број производи – масни риби, вклучувајќи го лососот, некои видови млеко и сок од портокал.

Food sources of calcium

Оралното дополнување со витамин Д во доза од 700 до 800 интернационални единици дневно го намалува ризикот од фрактура на колкот и кои било други скршеници кај жените со возраст над 60 години.

Неодговорноста кон сопственото тело во младоста влијае на состојбата на коските и го зголемува ризикот за заболување од остеопороза во другата половина од животот. Се проценува дека остеопорозата е присутна кај секоја втора жена и секој осми маж постари од 50 години.

Прочитајте и за знаците кои укажуваат на недостаток од витамин Д.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар