Како да ги препознаете знаците од универзумот кои ќе ви укажат дека сте на добар пат?

Како да ги препознаете знаците од универзумот кои ќе ви укажат дека сте на добар пат?

Универзумот секогаш го осветлува нашиот пат напред, а ако живееме во мир и во склад со енергијата околу нас, постои голема можност да ги забележиме знаците околу нас кои ќе ни помогнат на нашиот пат. Не постои погрешна или правилна насока во животот, но понекогаш божествената инспирација може да ни помогне да донесеме појасни одлуки и да го следиме нашиот пат до целта. Следењето на патот до целта значи да ја следиме нашата вистина и да одиме во насока на нашата душа и срце.

Како да ги препознаете знаците од универзумот кои ќе ви укажат дека сте на добар пат?

Еве на кој начин можеме да ги препознаеме знаците од универзумот кои ќе ни укажат дека сме на добар пат:

Бидете јасни кога станува збор за вашата намера. Која е целта поради која ви е потребен знакот? Запишете ја на хартија вашата намера. На пример: „Сакам да знам дали преземањето на оваа работа ќе биде вистинскиот чекор за мојата кариера?” Забелешка: ова е доста напорно прашање, ако сте нови во ова, можеби ќе сакате да започнете со некое поедноставно прашање.

Поставете си го прашањето за намерата во себе, во своето срце. Не обидувајте се да бидете логични со ова и да преанализирате. Само испратете го вашето прашање до универзумот и имајте верба дека ќе бидете слушнати.

Побарајте од универзумот специфичен и јасен знак – да ви го испрати во одреден временски период и неколку пати (3 е добра бројка), побарајте од универзумот да ви помогне при што знакот ќе биде сосема јасен за вас.

Препуштете се и бидете отворени. Ова е најважниот од сите чекори. Знакот можеби нема да дојде на начинот на кој очекувате, затоа имајте отворен ум и верувајте дека знакот веќе ви е доставен. Исто така, обидете се да не почнете со рационализирање на сето она што ви се случува како „знак“.

Универзумот е неверојатна сила која живее во нас и насекаде околу нас. Кога ќе се усогласите со вибрациите на сопствената душа и енергиите околу вас, ќе почувствувате водечка нишка што ве движи напред.

Откако прочитавте на кој начин можете да добиете знак од универзумот, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те знаци од универзумот дека се движите во вистинска насока.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар