Како да ги отстраните брчките околу устата?

Брчките околу устата може да бидат назолабијални (се појавуваат во пределот од носот до усните) и во вид на мали, ситни линии над горните усни. Тие се од различно потекло: назолабијалните бразди настануваат како последица на опуштањето на лигаментите околу устата и брадата и под влијание на гравитацијата, со што се опушта самата кожа и масното ткиво околу образите. Брчките над устата, пак, можат да се појават како последица на пушењето, конфигурации во долниот дел од лицето и користењето мимики и гестови. И двата вида брчки се продлабочуваат со стареењето и со губењето колаген и еластин, со промените во телесната тежина, како и со изложувањето на сончева светлина.

Како да ги отстраните брчките околу устата

Превенцијата на брчките околу устата во доцните дваесетти и во текот на триесеттите години од животот се прави со апликација на филери. Тие ја подигнуваат и поддржуваат кожата на лицето. Ефектот на терапиите со хијалуронска киселина во филерите трае од 12 до 18 месеци.

Терапијата на брчки околу устата во четириесеттите и педесеттите години од животот се прави со апликација на ботулин А, кој го спречува или смалува настанокот на подлабоки брчки. Активната состојка, токсин ботулин А (ботокс), ги опушта малите мускули околу устата кои ги создаваат брчките.

Двата вида брчки успешно се третираат во сите животни периоди со ласерска терапија. Ласерот, со површна аблација и додатно термално дејство, делува на длабоките слоеви на кожата и ги отстранува нејзините неправилности, истовремено стимулирајќи го создавањето на нов колаген, со што старата и уморна кожа станува поцврста и посвежа, со изедначен тен.

За кој било метод и да се одлучите, не заборавајте секогаш да се штитите од сонцето, да јадете храна богата со антиоксиданси (бобинки, брокула, морков), да избегнувате големи промени на телесната тежина, да не пушите цигари и редовно да ја негувате кожата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар