Кафеав наспроти бел ориз: Кој е подобар?

Јапонската изрека „Оброкот без ориз, не е оброк“, најдобро ја опишува оваа намирнца која го храни половина свет. Но, љубовта кон чинијата совршен бел ориз не е ограничена само за Азијците, туку е широко распространета: Раширена е помеѓу 3 милијарди луѓе од различни делови, религии и држави ширум целиот свет. Повеќето љубители на оризот не се сити дури ни после јадење парче леб освен ако не изедат барем еден залак ориз. Но, според здравствените гледишта, белиот ориз се доживува како горчлив непријател.

1-kafeav-nasproti-bel-oriz-koj-e-podobar-www.kafepauza.mk_

Од друга страна пак, консумирањето кафеав ориз – здравата и чиста форма на оризот – го обзема светот како торнадо. Хранливата вредност на белиот ориз сѐ уште се доведува во прашање, бидејќи постојат докази дека ќе ве задржи витки, но подоцна ќе ве направи нездрави. Доколку сакате да ја дознаете вистината, сега е вистинскиот момент.

Разлики помеѓу белиот и кафеавиот ориз

Навистина, понекогаш целата таа расправија околу поздравата верзија навистина започнува да нервира. Кафеавиот ориз е кафеав ориз, а белиот е бел. Дали кафеавиот ориз е подобар од белиот? Поголемиот дел од луѓето денес го избираат кафеавиот ориз. Но, што е со оние на кои не им се допаѓа неговиот вкус? Колку е поразличен кафеавиот ориз од неговиот бел колега? За да добиете појасна слика за тоа, погледнете кои се разликите помеѓу нив.

Физички својства

Кафеав ориз

Кафеавиот ориз е цела житарка. Тоа значи дека ги има сите свои делови – триците, микробите, и ендоспермот, само што е отстранета надворешната обвивка на јадрото на оризот. Ова исто така значи дека е богат со хранливи материи, витамини и растителни влакна. Надворешниот слој на зрното ориз е полно со антиоксиданси, хранливи влакна и витамин Б. Средниот слој, е богат со есенцијални протеини, некои Б витамини, минерали, како и здрави масти. Јадрото, содржи јаглехидрати, некои протеини, и некои витамини и минерали. Кафеавиот ориз не е лишен од ниту еден слој, што значи дека е и благослов и проклетство.

Но зошто е тоа така? За почеток, со сите овие слоеви тој е доста тежок за варење. Кафеавиот ориз е тежок да се свари, а тоа се должи на високата содржина хранливи влакна. Тој исто така има „налудничав“ вкус, што не претставува за секого задоволство. Потоа доаѓа заканата од киселината што е нашироко распространета во слојот на триците.

Бел ориз

Белиот ориз, од друга страна пак, е направен од без микробите и триците, оставајќи го недопрен само ендоспермот. Оваа варијација е сомелена и силно полирана за да ја добие белата боја на јадрото. Значи, како што очекувавте, повеќето од хранливите материи, протеини и антиоксиданси се изгубени во процесот, што го прави белиот ориз „нездрава опција“. Според општото мислење, кога ќе посакате вкусна чинија бел ориз, вие ги пропуштате поголемиот дел од есенцијалните витамини и минерали, антиоксидансите, фолната киселина и влакната. Но, овој процес, исто така, ја отстранува подлогата на житарката што ја намалува заканата од киселината. Она што е најважно е дека белиот ориз многу лесно се вари со тоа што мелењето помага да се намали содржината на влакна чие предозирање може да му наштети на стомакот, со што се оневозможува процесот на варење на храната.

7-kafeav-nasproti-bel-oriz-koj-e-podobar-www.kafepauza.mk_

Хранливи вредности

Кафеав ориз

Се верува дека 200 грама кафеав ориз содржи двојна количина фосфор и манган (88%) од белиот ориз. Тој, исто така, содржи два и пол пати повеќе железо, три пати повеќе витамин Б3, прт пати повеќе витамин Б1 и десет пати повеќе витамин Б6. Само еден дел од оваа сорта исполнува речиси 80% од дневно препорачаната доза манган. Овој минерал е од суштинско значење за формирање добар холестерол, енергија и производство на секс-хормоните. Кафеавиот ориз исто така содржи 23,7% (11,19 милиграми) селен, 9.20% (83,85 милиграми) магнезиум, 83,85 милиграми калиум и 18,7 милиграми триптофан. Тоа е импресивна количина. Иако разликата е доста мала, кафеавиот ориз содржи повеќе калории во споредба со белиот ориз. Варениот кафеав ориз со долго зрно содржи околу 216 калории, додека белиот 206.

Но никогаш не заборавајте дека овој тип, исто така, доаѓа со клетвата наречена фитична киселина. Оваа анти-хранлива материја е позната по нејзиното влијание врз минералната апсорпција, односно ја нарушува апсорпцијата на есенцијални минерали како железо, манган, калиум и магнезиум.

Бел ориз

Белиот ориз е прилично несреќен во овој дел. Мелењето и обработката на житарката исфрла околу 60% од железото, 80% од витаминот Б1, 90% витаминот Б6, 67% витаминот Б3, како и речиси половина од количината на манган, фосфор и диеталните влакна кои се природно присутни во житарката. 200 грама бел ориз со долго зрно содржи околу 0,5 милиграми манган, 9,7 милиграми селен, 8,7 милиграми магнезиум, 17,4 милиграми калиум и 206 калории. Добрата работа е тоа што белиот ориз не содржи фитична киселина, со што ги зачувува сите минерали.

Дијабетес

Кафеав ориз

Кафеавиот ориз има ниско ниво на гликемиски индекс (ГИ), со што го прави подобар избор за луѓето со дијабетес. Една студија спроведена на Азијци со прекумерна тежина заклучила дека оние кои консумирале повеќе кафеав, отколку бел ориз успешно ја намалувале гликозата во крвта. Тоа, исто така, доведува до намалена отпорност на инсулин.

Но, сето ова зависи од тоа каков кафеав и бел ориз споредувате. На скалата од 0-100 ГИ, каде што 100 ГИ има најголем гликозен скок и 0 кое е најмалку штетно, кафеавиот ориз се наоѓа токму на средината (50 ГИ). Овој број изгледа како крал кога ќе ги споредите опциите помеѓу белиот јасмин ориз кој има 79 ГИ или пак, белиот ориз со кратко зрно кој има 89 ГИ. Но, споредбата на кафеавиот ориз со белиот басмати ориз се на исто ниво.

Бел ориз

Со високата содржина јаглехидрати, белиот ориз е познат по високиот гликемиски индекс. Затоа, тој е многу штетен за дијабетичарите. Ако сте љубител на белиот ориз и не можете да издржите без него, ви предлагаме да се обидете да ја намалите количината или да изберете варијанта со понизок ГИ, како што е белиот басмати ориз.

Продолжете на следната страница за повеќе информации…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар