За вистинските љубители на ентериерот: Најдобрите и најлошите декорации во домот низ децениите

Љубителите на декорациите и уредувањето на домот секогаш се интересираат и неисцрпна инспирација бараат во она што се случувало во минатото, што во некои претходни години и децении било популарно и што било актуелно. Затоа сега „минуваме“ низ трендовите кои доминирале и биле актуелни некаде во почетокот на 20-тиот век, па сѐ до денес и ги опфаќаме најдобрите, но и оние најлошите.

1920 година

1-za-vistinskite-ljubiteli-na-enterierot-najdobrite-i-najloshite-dekoracii-vo-domot-niz-deceniite-www.kafepauza.mk_

Она што е неодоливо, па дури и сега кога некој го има во својот дом, е количката со пијалак која главно има две полици, па на едната се редат шишињата, а на другата чашите за нив. Малку холивудски гламур од 20-тите години од минатиот век… совршено, зар не?

2-za-vistinskite-ljubiteli-na-enterierot-najdobrite-i-najloshite-dekoracii-vo-domot-niz-deceniite-www.kafepauza.mk_

Меѓутоа, она што не било добро и што изгледало малку кич е декорацијата во барок стил која е пренагласена и премногу натрупана, поради што ова е дефинитивно најлошото нешто кое тогаш било во тренд.

1940 година

3-za-vistinskite-ljubiteli-na-enterierot-najdobrite-i-najloshite-dekoracii-vo-domot-niz-deceniite-www.kafepauza.mk_

Подовите во минатиот век биле прекриени со теписони, некои други материјали, и скоро да не постоел дом кој немал нешто на својот под, за разлика од денешното време кога повеќето се ослободуваат од тие навики. Меѓутоа, во 40-тите било доста популарно да имате дипли на подовите, кои изгледале навистина убаво бидејќи даваат еден вид топлина, поради што и денес може да се забележат, особено во кујните и трпезариите.

Но, покрај нив, она за кое многумина не се одлучувале и тоа најмногу поради практични причини, е линолеум во разни дезени кој е добро што „исчезнал“ од светот на ентериерот и декорациите.

Продолжете на следната страница доколку ве интересира кои трендови доминирале во наредните години, а кои за жал „испариле“ од нашите домови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар