Јапонските мудреци знаат: Ова е причината зошто повеќето луѓе не постигнуваат ништо во животот!

Јапонските мудреци знаат: Ова е причината зошто повеќето луѓе не постигнуваат ништо во животот!

Јапонија е лулка на светската филозофија и земја која е далеку позната по своите мудреци кои имаат совети до луѓето од целиот свет, за сите да најдат одговори на важните прашања.

Јапонските мудреци знаат: Ова е причината зошто повеќето луѓе не постигнуваат ништо во животот!

Потрагата по среќа и успех во животот е во човековата природа, па затоа едно од прашањата што луѓето најчесто им ги поставуваат јапонските мудреци е: Како да ги остварам моите соништа?

Сите сакаме да успееме, но ретко кој вистински успева. Многумина во текот на животот не успеваат да постигнат ништо, иако повеќето имаат добро образование и ја работат работата што ја сакаат… Сепак, длабоко во душата, постои чувство дека нешто недостасува.

Светот околу нас престана да ни носи задоволство. И покрај тоа што сè делува како да е добро, нашите животи изгледаат празни и мрачни. Како да се вртиме во круг без крај.

Која е причината за ова незадоволство и чувството на празнина?

Во јапонската култура постои мантра што всушност се смета за начин на живот и гласи: Почувствувајте го ритамот на светот и следете го.

Неа ја напишал еден познат јапонски стратег, мечувалец и филозоф, Мијамото Мусаши, во една од неговите книги. Тој бил сигурен дека сè во животот има свој специфичен ритам и дека главната гаранција за успех е да можете да се прилагодите на него. Со други зборови, да се биде во можност да се „фати бранот“.

Јапонските мудреци велат дека секој кој сака да биде успешен, не смее да се плаши од големата, непозната моќ што управува со нашиот свет. Не смееме да го менуваме текот на настаните, велат јапонските мудреци и никој од нас нема право да ги диктира законите на Универзумот. Единствено што можеме да направиме е да научиме да се прилагодуваме на околностите и потоа да извлечеме корист од нив.

Сепак, „фаќањето на ритамот на светот“ не е сè. Треба да се концентрираме на постигнување на главната животна цел и да научиме како да не дозволуваме ирелевантни, мали нешта да нè оддалечуваат од неа. Тие всушност се главната пречка на патот до успехот.

Ако постојано трошите енергија на ирелевантни работи, никогаш нема да постигнете ништо. Порано или подоцна, ќе сфатите дека вашиот живот поминал без да направите ништо.

Неважните прашања толку често ви ја „крадат“ енергијата и ве наведуваат да ја трошите бесцелно, како што го трошите и вашето време. Не смеете да го дозволите тоа, во спротивно можете да заборавите на целите и совршенството во нештата.

Се разбира, животот на сите нас е исполнет со тривијални проблеми што мора да се решат, но треба да можете да ги решите без „да се тргнете од главната патека“. Дури и ако некој дава сè од себе да ви го одвлече вниманието!

Можеби сакате да ги прочитате и 16-те инспиративни совети што една Русинка ги научила за време на своето патување во Индија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар