Јагоди полнети со чизкејк
Дали сте подготвени за најдобриот десерт што постои?
Потребно е:
- 20 јагоди
- 230 г крем сир
- 120 г шеќер во прав
- 1/2 лажиче екстракт од ванила
- 6-7 бисквити
- 1 чоколадо, растопено на пареа
Подготовка: Измијте ги јагодите ги и со ноже внимателно издлабете ги. 


Во сад изматете ги крем сирот, шеќерот во прав и екстрактот од ванила. Во готварски шприц ставете го филот и наполнете ги јагодите.
Истолчете ги бисквитите и во трошките валкајте ги наполнетите јагоди од страната на филот. 

На крај, декорирајте ги јагодите со растопеното чоколадо. 
——————————————————————————————————————————————————————–
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
