Ирационални мисли кои негативно влијаат на нашиот живот

Ирационални мисли кои негативно влијаат на нашиот живот

Постојат ирационални мисли кои можат да предизвикаат емоционални проблеми. Тие мисли создаваат депресија, како и сожалување на самите себе, но и на другите луѓе. Денес ви претставуваме 12 мисли кои нè вознемируваат и кои нè спречуваат да ја издржиме фрустрацијата без гнев и вознемиреност. Во продолжение погледнете кои се тие ирационални мисли кои влијаат на нашата психа и живот.

Ирационални мисли кои негативно влијаат на нашиот живот

1. Доколку сакаме да мислиме дека вредиме, многу е важно да нè сакаат и ценат луѓето кои ни се блиски.

2. Доколку не сме исклучителни и не успееме да постигнеме нешто во животот, тогаш помалку вредиме од оние кои успеале.

3. Луѓето кои се злобни, корумпирани или подли треба сериозно да бидат обвинети и казнети за нивните злодела.

4. Неподносливо и ужасно е кога работите не одат онака како што посакуваме.

5. Човечките несреќи се предизвикани од надворешни околности, па според тоа можеме многу малку да влијаеме на проблемите и тажните случувања во нашиот живот.

6. Доколку нешто е опасно или пак, може да стане опасно, треба постојано да се грижиме и да размислуваме за можноста тоа повторно да се појави.“

7. Полесно е да се избегнат некои животни проблеми и одговорности, отколку да се соочиме со нив.

8. Здраво и разумно е да зависиме од оние кои се посилни од нас и од оние на кои можеме да се потпреме.

9. Нашето минато е најважниот фактор кој го одредува нашето сегашно однесување. Доколку нешто во минатото влијаело на нашиот живот, така ќе остане засекогаш.

10. Треба многу да се вознемируваме поради туѓите тешкотии.

11. Нема сомнение дека постои вистинско, прецизно и совршено решение за човечките проблеми, па најпаметно е да не се прави ништо додека не се најде вистинскиот одговор.

12. Верувањата на важните авторитети и друштва со сигурност се точни и не треба да се преиспитуваат.

Прочитајте ги и овие 5 начини да се ослободите од негативните мисли.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар