7 работи што левучарите никогаш не треба да ги прават со лева рака

Левучар сте и речиси сè правите со лева рака? Во светот поголем е бројот на десничари отколку левучари. Ако сте левучар во следниве 7 ситуации немојте да ја употребувате левата рака бидејќи ќе ве сметаат за невоспитани, па дури и злонамерни, а некаде од вас ќе се очекува и да се извините поради таквото однесување!

1. Вратата од левата страна во автомобилот не ја отворајте со лева рака

Ова „правило“ постои од сигурносни причини – ако ја отворите вратата со лева рака се зголемува ризикот од незгода бидејќи можеби нема да забележите велосипедист кој баш во тој момент поминува покрај вашиот автомобил. Ако истата работа ја направите со десна рака ќе бидете натерани да се свртите кон лево со целото тело, а тоа значи дека во вашето видно поле ќе биде цел простор од левата страна на автомобилот.

2. Храната на масата се додава со десна рака

Правилото за однесување на маса каде што се поставени храна и пијалак вели дека секогаш ги подаваме во насока на десната рака. Ова правило постои за да не дојде до гужва и забуни според поставеноста на садовите со храна.

3. Во Индија не треба да се подава ништо со лева рака

Во Индија левата рака се поврзува со личната хигиена, а тоа вклучува и облекување и собување чевли. Генерално се смета дека левата рака служи за извршување нечисти работи. Затоа никогаш не би требало да ја користите за подавање предмети на друга личност без оглед дали се работи за храна или ваша визит-карта. Некои луѓе во Индија дури и ќе одбијат да прифатат предмет кој сте им го подале со левата рака.

4. Во Етиопија не се јаде со лева рака

Етиопскиот начин за јадење е да не се користи прибор и посебни садови туку храната се јаде од заеднички чинии и директно се внесува во уста. Бидејќи во Етиопија, исто како и во Индија, со левата рака се одржува хигиената после користење тоалет и во оваа земја оваа рака се смета за „нечиста“ и непогодна за консумирање храна.

5. На Блискиот Исток не ги допирајте парите со лева рака

На Блискиот Исток се смета непристојно ако ги допирате парите со лева рака. Исто така непристојно е да се земе нешто со таа рака. Баш како и во Етиопија и во Индија и овде е непристојно да се јаде со лева рака.

6. Заборавете дека ја имате левата рака ако се наоѓате во Гани

Десната страна е секогаш „правилна“ страна во Гани каде што користењето на левата рака во општествени интеракции е практично табу. Ако за момент се заборавите и направите нешто со левата рака од вас се очекува пристојно да се извините.

7. Никогаш и никому не ја подавајте левата рака при поздравување

Во сите горенаведени земји во кои левата рака се смета за „валкана“, ни ракувањето со нејзе не доаѓа предвид. Но, ова важи секаде во светот. Во Америка постои термин „леворако поздравување“ и се смета за навреда и се однесува на неискрени ветувања.

Прочитајте што треба да знаете ако вашето дете е левучар.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар