Интроверт наспроти екстроверт: Како да постигнете разбирање во комуникацијата?

Интровертните и екстровертните личности често имаат проблеми со меѓусебната комуникација. За среќа, тоа може да се надмине со помош на неколку едноставни трикови. Разбирањето на разликите во комуникацијата помеѓу овие два вида личности (дури и кај оние што се многу блиски) изгледа како учење странски јазик. Дел од проблемите се врзани со секојдневните спротивности: Екстровертните луѓе се дружељубиви, отворени, но не и претерано интроспективни, додека интровертните луѓе се резервирани и срамежливи, со богат внатрешен живот.

Интроверт наспроти екстроверт: Како да постигнете разбирање во комуникацијата?

Па, како да ги надминете овие разлики и да воспоставите успешна комуникација, без разлика дали станува збор за член на семејството, партнер, пријател, колега или само познајник?

1. Интровертите во комуникација со екстроверти

Главниот проблем кај интровертните личности при комуникација со екстровертните е говорот – вклучувајќи ги јачината, ритамот, количината употребни зборови, говорот на телото… Следуваат неколку стратегии што можат да им помогнат на интровертите подобро да комуницираат со нивната спротивност – екстровертите.

Изразете ги своите потреби – Можете дури и да го сопрете разговорот така што ќе побарате минута да размислите пред да одговорите.

Очекувајте упаѓања – На тој начин екстровертите ви даваат знак дека го следат разговорот и дека уживаат во него. Можете да ги замолите да не ве прекинуваат, доколку тоа навистина ви пречи, но во нивната глава тоа е знак дека ве доживуваат како интересни.

Бидете подготвени да менувате брзини – Лесно ќе можете да забележите дека станувате поактивни и дека имате повеќе енергија при говорењето, дури и кога тоа не е типично за вас.

2. Екстровертите во комуникација со интроверти

Главниот предизвик со кој се соочуваат екстровертите во комуникацијата со интроверти е тишината. Интровертите можат да го сметаат брзиот говор и упаѓањата во збор како непристојни, па поради тоа и уште повеќе да се повлечат. Еве на што треба да внимаваат екстровертите за да се одржи добра комуникација.

Дајте момент кога нешто прашувате – Интровертите сакаат да имаат доволно време за размислување пред да одговорат.

Следете ги знаците – Особено кога соговорникот сака разговорот да забави. Тоа можете да го забележите така што личноста се навалува или погледнува нагоре, давајќи ви знак дека размислува.

Подобрете ја комуникацијата – Откако ќе поставите прашање, ислушајте го соговорникот во целост и потоа во тишина „преработете“ ги информациите што сте ги чуле. Откако добро ќе сфатите што тој или таа сакале да ви кажат, продолжете со следното прашање.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар