Интересен маникир со чипка

Интересен маникир со чипка

Некои работи едноставно одат заедно, на пример гламурот и чипката. Станува збор за несекојдневен маникир кој воедно е вистински тренд деновиве. Многу лесно можете здодевните еднобојни нокти да ги претворите во вистинска сензација.

Интересен маникир со чипка

Најпрво одберете боја на лак за нокти по ваш избор, може да одите кон потемни и посмели нијанси како црвената, или пак понежни како розова или тиркизна. Исто, ќе ви биде потребно парче чипка, по можност црна.

Од чипката исечете десет малечки парчиња за секој од вашите нокти. Нанесете еден слој од лакот и почекајте да се исуши, потем нанесете уште еден. Додека вториот слој сè уште не се исушил, внимателно поставете го секое од парчињата чипка врз вашите нокти. Доколку некое излегува од површината на ноктот, исечете го и поправете му ја формата со помош на ножици. За подобро да се залепат парчињата чипка може да користите дрвена чепкалка и внимателно да потиснете по краевите од ноктите.

За крај додадете и еден слој безбоен лак за нокти за дополнителен сјај.

Вашата креативност нека не запре тука. Исто така може да пробате да исечете различни форми од чипката, да не бидат прекриени целосно сите нокти или пак да направите француски маникир односно само врвовите на ноктите да бидат украсени со чипка.

Интересен маникир со чипка

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар