Имунитетот се зајакнува најмногу за време на спиењето, а еве како да го искористите тоа

Имунитетот се зајакнува најмногу за време на спиењето, а еве како да го искористите тоа

Постои оправдана причина зошто лекарите препорачуваат одмор кога сте болни. Тогаш телото е најподготвено да се бори против вирусите и бактериите. За време на спиењето, нивото на хормоните на стресот се намалува и започнува борбата против инфекцијата. Со други зборови, спиењето и здравјето се тесно поврзани. Како тогаш да се зголеми влијанието на спиењето врз имунолошкиот систем?

Имунитетот се зајакнува најмногу за време на спиењето, а еве како да го искористите тоа

Истражувањето објавено во „Списание за експериментална медицина“ покажа дека клучната структура што им помага на Т-клетките да се прицврстат за својата цел, дополнително се активира за време на спиењето, што ја зголемува нивната ефикасност. Т-клетките се одбранбени клетки што наоѓаат и уништуваат разни патогени микроорганизми.

Покрај тоа, хормоните на стресот, кои го зголемуваат воспалението во телото и им пречат во работата на Т-клетките, се на најниско ниво за време на спиењето. Исто така, телото произведува повеќе цитокини за време на спиењето. Тие предизвикуваат имунолошки одговор кога ќе се појави болест, што потврдува дека сонот има корисен ефект врз имунитетот.

За да се постигне посакуваниот ефект, ноќниот сон треба да трае од седум до девет часа. Ако не спиете доволно, производството на цитокин ќе биде нарушено. Покрај тоа, недостатокот на сон ги зголемува воспалителните процеси низ целото тело, што ве прави поподложни на хронични заболувања. Научниците истакнуваат дека воспалението е главната причина за многу автоимуни болести (артритис, срцеви заболувања и дијабетес).

Како да го подобрите квалитетот на спиењето?

Како прво, бидете доследни. Воспоставете рутина и легнувајте си и станувајте во речиси исто време. Ова постепено ќе ги подготви умот и телото за спиење и ќе ве научи да се будите сами секое утро.

Бидејќи вашите навики влијаат на имунолошкиот систем, започнете со соодветно подготвување за спиење. Не гледајте во екранот 45 минути пред да си легнете, а спалната соба треба да биде ладна и темна. Ако сè уште имате проблем да заспиете, обидете се да правите некои релаксирачки вежби како јога или пилатес во текот на попладневните часови.

Прочитајте кои се најдобрите чаеви за лекување воспалено грло.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар