Идеи за уредување на кујната: Како да ги средите полиците и фиоките за полесно снаоѓање и готвење?

Кога немате доволно простор, организирањето мала кујна може да биде особен предизвик. Со правилен систем на организирање, може да сработите двојно повеќе, со тоа што дизајнерите на ентериер ги споделуваат своите омилени трикови за да ви помогнат да се ослободите од нередот и да ја направите вашата кујна поорганизирана.

Идеи за уредување на кујната: Како да ги средите полиците и фиоките за полесно снаоѓање и готвење

Подредете ги предметите што секојдневно ги користите

Подредувањето на нештата повремено не е оптоварување, особено кога немате голема кујна. Од кујнските орманчиња, па до фиоките и полиците, вашите кујнски предмети треба да бидат сведени само на оние што ги користите редовно. Ако ретко го користите скапиот порцелански прибор, тргнете го од кујната.

Идеи за уредување на кујната: Како да ги средите полиците и фиоките за полесно снаоѓање и готвење

Садови и кутии за еднократна употреба

Покрај тоа што ќе ви помогнат да останете организирани и да ги одржувате вашите кујнски резерви под контрола, соодветните стаклените садови се визуелно попријатни отколку расфрланите кутии со храна. Наредете ги кујнските резерви почнувајќи од почесто користените и направете список со датирање на замрзнатите производи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tricia (Taylor) Moody (@triciataylorceramics) on

Просторот над кујнските елементи

Не заборавајте на вредниот простор над орманите. Во мала кујна, секој сантиметар е важен, а со запоставувањето на делот над орманите ја пропуштате употребата на вреден простор за складирање на кујнскиот прибор. Дизајнерите за внатрешно уредување забележуваат дека е препорачливо да се расчисти просторот од некои предмети како вазни или корпи за да ги имате под контрола помалите нешта.

Дополнителна работна површина

Во малите кујни, работната маса е од големо значење, а дебелата дрвена даска поставена над неискористениот дел од шпоретот или преку мијалникот е одличен начин за проширување на работната површина во кујната.

Исчистете ја работната површина

Иако повеќето луѓе на работната маса сакаат да ги постават кујнските уреди, нив сведете ги на минимум. Ако страдате од недостаток на простор за складирање или ви е потребен лесен пристап до одредени кујнски уреди, купете си корпи или керамички садови за чување на кујнскиот прибор за да ја одржите работната маса чиста и уредна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Macias (@citlalyfarmhome) on

Додајте полици во неискористениот дел од кујната

Повеќето мали кујни не можат да се пофалат со фантастичен простор за складирање, но ако имате неискористен простор на ѕидовите, размислете за поставување полици. Без разлика дали имате чуден агол во кујната кој стои неискористен или тесен простор помеѓу елементите, дизајнерите на ентериер советуваат да размислите за поставување полици преку кои ќе создадете дополнителен простор за складирање.

Зачувајте го вашиот работен простор

Наместо класичниот држач за ножеви што е непотребен предмет на вашата работна површина, набавете си магнетен држач за ножеви. Покрај тоа што овозможува лесен пристап до ножевите, магнетниот држач заштедува простор на работната површина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deco DiPetre (@decodipetre) on

Чувајте ги фиоките и кујнските ормани постојано уредни

Овие навики тешко може да се стекнат, но дизајнерите на ентериер советуваат да престанете да трупате пластични предмети во фиоките без размислување. Важно е фиоките и орманите да бидат постојано чисти и уредни.

Бидете креативни со секоја педа од кујната

Ако започнавте да осмислувате мала кујна, размислете да прифатите максимализам пред минимализмот. Постои празен простор до работната површина, но со додавање полици можете да го користите за да располагате со сите предмети. Ако се одлучите за отворени полици наместо за кујнски орманчиња, можеби ќе имате помалку простор за складирање, но ќе можете подобро да ги организирате нештата поради нивната видливост.

Можеби сакате да ги дознаете и 10-те совети за чистење со кои вашата кујна ќе заблеска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар