Храна поради која може да изгледате подебели одошто сте

Храна поради која може да изгледате подебели одошто сте

Иако дневната варијација во тежината е сосема нормално нешто, понекогаш подуениот стомак поради кој можете да изгледате подебели отколку што сте, не е настанат заради вашите килограми, туку од намирниците кои сте ги јаделе дента. Ова се четири главни предизвикувачи на подуеноста, кои секојдневно ви прават проблеми.

Храна поради која може да изгледате подебели одошто сте

Млеко

Прекумерното пиење млеко не е добро за здравјето на човекот. Доколку млекото ви предизвикува подуеност и проблеми со варењето, тогаш најверојатно вашиот организам не поднесува лактоза, па затоа одбегнувајте често да го консумирате.

Скроб

Доколку намирниците кои се богати со скроб ви ја предизвикуваат подуеноста во стомакот, вие не треба целосно да ги исфрлите од исхраната, туку да ги најдете оние кои немаат таков ефект врз вас.

Пченицата, јачменот и ’ржот содржат големо количество фруктан, полимер на фруктозата кој ја предизвикува подуеноста. На вашата чинија почесто нека има компир, ориз, пченка и овес кои содржат значително помала количина на фруктани.

Овошје

Иако овошјето изобилува со многу здрави состојки, како минералите и витамините, сепак може да предизвика подуеност. Причината се крие во количеството на фруктоза и гликоза кои ги содржи. Одберете зрнесто овошје, грејпфрут и цитрони, бидејќи тие за разлика од крушките и јаболката содржат многу помали количини на фрутоза и гликоза.

Вештачки шеќер

Сорбитол, ксилитол и манит се вештачки засладувачи кои се наоѓаат во диететските пијалаци и во гумите за џвакање.  Доколку чувствувате подуеност после консумацијата на диеталните пијалаци и храна, почнете да ги избегнувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар