Харуки Мураками нè советува што треба да направиме кога ќе наидеме на тешкотии во животот!

Харуки Мураками нè советува што треба да направиме кога ќе наидеме на тешкотии во животот!

Познатиот јапонски писател Харуки Мураками во своите дела ги истражува тајната и суштината на животот, навлегувајќи во потсвеста на човекот преку имагинацијата. Главните ликови во неговите книги се обични луѓе кои се заљубуваат и размислуваат за прашањата за животот.

Харуки Мураками нè советува што треба да направиме кога ќе наидеме на тешкотии во животот!

Иако тие се обични луѓе и водат просечни животи, во секој од нив има толку многу магија, но и лекции кои можеме да ги научиме и да ги применуваме. Затоа во книгите на Мураками можеме да најдеме многу поучни цитати за животот, љубовта, емоциите. Еден од најпознатите е цитатот во кој познатиот писател открива како да се соочите се со животните предизвици и како да ги надминеме тешкотиите.

„Кога ќе се заплеткате како риба во мрежа, најважното нешто е да не правите ненадејни движења. Останете така некое време – и нешто ќе се случи. Дефинитивно ќе почне да се случува. Погледнете повнимателно во матниот самрак – и почекајте нешто да се придвижи. Го знам тоа од мое искуство. Нешто сигурно ќе почне да се движи.“ – напишал Мураками.

Мураками овде зборува за процесот на медитација. Што правиме обично во очајни ситуации? се грижиме, паничиме и избезумено бараме решение. Кога ќе размислите подлабоко, ќе сфатите дека во таква состојба е невозможно да се најде вистинското решение – речиси секогаш се неуспешни обидите направени под голем стрес.

Затоа застанете, опуштете го вашето тело и ум – бидете трпеливи. Невремето дефинитивно ќе заврши, вашите емоции и мисли ќе се смират и сè ќе ви стане јасно. Кога ќе се појават тешкотиите во животот, седнете удобно, затворете ги очите и фокусирајте се на здивот. Смирете го вашето тело, ум и срце – оставете сè околу вас да застане во тој момент. Откако ќе се смирите, почнете да барате решение за неповолната ситуација во која се наоѓате.

Откако го прочитавте овој совет на Харуки Мураками, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие мисли за животот од неповторливиот Мураками.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар