Мисли за животот од неповторливиот Харуки Мураками

Мисли за животот од неповторливиот Харуки Мураками

Многу често се наоѓаме во ситуација кога ни е тешко да пронајдеме вистински зборови за да ги опишеме нашите чувства. Но, Харуки Мураками е писател кој знае многу вешто да го направи тоа. Неговите книги се доказ за тоа дека тој вистински ја разбира хемијата што се создава меѓу човечките души и умее тоа разбирање да го преточи во зборови со неверојатна точност и прецизност, но и со таков сензибилитет што поттикнува на размислување. Прочитајте ги најдобрите цитати на еден од најголемите писатели на модерното време…

Мисли за животот од неповторливиот Харуки Мураками

„Свет без љубов е како ветер зад затворен прозорец. Не можеш ниту да го допреш, ниту да го вдишиш.“

„Мислев дека луѓето растат постепено, малку по малку… Се испостави дека не е така. Растат преку ноќ.“

„Не постои погрешно мислење. Постои мислење кое не се согласува со нашето. Тоа е сѐ.“

„Колку сме постари, толку повеќе не можеме да ги ставиме работите на свое место.“

„Сѐ што некогаш било со нас, а потоа исчезнало, иако исчезнало засекогаш, оставило празнина која никогаш нема да можеме да ја пополниме.“

„Кога се гушкаме, ги споделуваме нашите стравови.“

„Кога секој човек би верувал во среќен крај, светот не би имал од што да се плаши.“

„Без разлика колку се трудите, не постои начин да побегнете од болката што ја чувствувате кога сте вознемирени.“

„Искажувајте ги вашите чувства. Многу полошо е да ги потиснувате. Ќе се насоберат во вас и ќе стануваат сѐ потешки. На крајот ќе умрете.“

„Никој не сака да биде сам. Јас мразам да бидам разочаран.“

„Се чини дека срцето е скриено зад дебела лушпа и само неколку луѓе можат да стигнат до него. Сигурно поради тоа ми е толку тешко вистински да почувствувам љубов.“

Мисли за животот од неповторливиот Харуки Мураками

„Искреноста која ја даваме и добиваме и желбата да помогнеме се најважните нешта.“

„Празнината секогаш ќе биде пополнета со нешто.“

„Кога на луѓето им е дадена надеж, тоа им помага да живеат подолго. Без надеж не постои ’подолго’.“

„Нашата реалност е бескрајна борба помеѓу она што се случило и она што сакаме да го запамтиме.“

„Не постои тајна која еден ден нема да излезе од срцето.“

„Најважното нешто не е големото откритие кое другите го сфатиле пред вас, туку оние мали мисли кои ви доаѓаат сами.“

„Што е осаменост? Слична е на чувството кога во дождлива ноќ стоите пред долгиот брег и гледате како моќните бранови се спојуваат со морето.“

„Сеќавањата нѐ греат одвнатре. Но, и ни предизвикуваат силна болка исто така.“

„Кога долго време гледате во морето, почнуваат да ви недостасуваат луѓето. Кога ги гледате луѓето, почнува да ви недостасува морето.“

„Секој и сѐ изгледа убаво кога ги набљудувате од далечина.“

„Често се случува најважните работи на светот да почнат со трки.“

„Движењето во погрешен правец со голема брзина е полошо од стоењето во место.“

„Кога немате никого со кого би ги споделиле вашите осамени мисли, вашите мисли почнуваат да ве делат помеѓу себе.“

„Ако сѐ се случува онака како што сакате, животот ќе ви биде здодевен.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар