Гурмански супер сендвич

Гурмански супер сендвич

Огромен сендвич кој може да најаде повеќемина

Гурмански супер сендвич

Потребни состојки:
  • половина мек леб, може чијабата
  • 500 грама зелени малсинки
  • 300 грама црни маслинки
  • 100 грама ситно исечкан црвен кромид
  • 4 истолчени чешниња лук
  • 2 моркови
  • 250 мл маслиново масло, плус 3 супени лажици
  • 70 грама вински оцет
  • 200 грама шунка
  • 200 грама чајна салама
  • 200 грама кашкавал
  • малку магдонос и оригано

Гурмански супер сендвичГурмански супер сендвичГурмански супер сендвич

Начин на подготовка:
  1. Извадете ги семките од маслинките, а потоа ситно исечкајте ги. Ставете ги во поголем сад заедно со исечканиот кромид, истолчениот лук, морковите, магдоносот, ориганото, винскиот оцет и 250 мл маслиново масло.
  2. Пресечете го лебот хоризонтално на половина и издлабете го малку од внатрешниот дел. И двете страни намачкајте ги со три супени лажици маслиново масло.
  3. Потоа во издлабениот дел на лепчињата распоредете ја мешавината која претходно ја приготвивте.
  4. Наредете ги шунката, чајната салама и кашкавалот, исечете го огромниот сендвич на 4-6 парчиња и послужете.

Гурмански супер сендвичГурмански супер сендвич


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.