Готвач споделува 12 совети за одбирање на најдоброто овошје и зеленчук

Понекогаш може да биде навистина тешко да ги одберете најдобрите овошје и зеленчук. Поради тоа готвачката Марија Троитскаја одлучила да го сподели нејзиното искуство за тоа како да ги одберете вистинските продукти. Погледнете на што треба да обрнете внимание следниот пат кога ќе купувате овошје и зеленчук.

1. Домати

Готвач споделува 12 совети за одбирање на најдоброто овошје и зеленчук

Многу луѓе мислат дека доматите на гранка се посвежи, па ги купуваат тие. Всушност гранката не покажува дека доматот е свеж, туку дека е зелен. Свежите домати сами паѓаат од гранките, па ако сè уште се наоѓаат на неа тоа значи дека биле набрани пред да бидат зрели. Овие домати имаат многу малку витамини и корисни елементи.

Бојата на доматот треба да биде хомогена без зелени делови. Покрај тоа мирисот треба да биде пријатен. Лесно е да се забележат доматите со нитрат во продавница. Обично се еластични, но не се меки. Ако ги притиснете нема да забележите отпечаток. Добриот домат треба да биде мек.

2. Лубеница

Готвач споделува 12 совети за одбирање на најдоброто овошје и зеленчук

Највкусните и најблагите лубеници се зрели од втората половина на август, до крајот на септември. Некои производители ги прскаат пораните плодови со ѓубриво со нитроген и стимуланти за растење обидувајќи се да ги наберат порано. Лубениците ги апсорбираат овие супстанци, па не би требало да ги купувате од патот. Исто така не би требало да ги купувате ако се веќе пресечени.

Секогаш одбирајте лубеница со средна големина. Светлата боја, линиите со контраст и светкавата кора се знак за зрелост. Зрелата лубеница има суво гранче бидејќи веќе не зема вода од земјата. Страната на лубеницата треба да биде светло жолта.

3. Бабури

Готвач споделува 12 совети за одбирање на најдоброто овошје и зеленчук

Бабурите всушност имаат два пола – машки и женски кои се разликуваат по вкус. Ако бабурата е поделена на 4 делови тогаш е женска, а ако е на 3 тогаш е машка. Женската бабура е поблага и може да се јаде сирова. Машките бабури се покисели и потврди. Добри се за зимница и готвење. Колку е потешка бабурата толку е посочна, а гранчето треба да биде зелено и тврдо. Избегнувајте бабури со портокалови дамки, тоа е знак дека биле нападнати од инсекти.

4. Јаболка

Готвач споделува 12 совети за одбирање на најдоброто овошје и зеленчук

Барајте јаболка со средна големина. Тие треба да бидат тврди и тешки. Немојте да купувате светкави јаболка, тие се прекриени со восок или природна смола. Кога купувате зелени јаболка, обрнете внимание на сивата мрежа во близина на гранчето. Тоа е знак дека се зрели.

5. Цреши

Готвач споделува 12 совети за одбирање на најдоброто овошје и зеленчук

Купувајте цреши само во сезона – во јуни или јули. Проверувајте ги со допир пред да ги купите – не треба да бидат премногу тврди или меки и на нив не треба да има влага. Бојата треба да биде силна и светкава. Колку се потемни црешите, толку повеќе хранливи материи имаат. Зрелите цреши имаат зелени и тврди гранчиња, а ако се лепливи тоа е знак дека не се свежи.

6. Сливи

Готвач споделува 12 совети за одбирање на најдоброто овошје и зеленчук

Кога купувате сливи, барајте ги оние со хомогена боја. Исто така избегнувајте сливи со пукнатини или какви било дупки. Тие треба да бидат тешки со пријатна слатка арома. Ако овошјето има тенок бел слој, тоа значи дека е набрано неодамна. Зрелите сливи имаат и зрели гранчиња.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар