5 нешта што не сте ги знаеле за грчката митологија

Грчката митологија го оформила начинот на којшто ги гледаме нашите предци. Секој ги слушнал приказните за Минотаурот и кутијата на Пандора. Сите знаеме дека Афродита е божица на убавината, а Пегаз е крилестиот коњ. Но ова е само површината од грчката митологија. Овие приказни понекогаш се многу побизарни и помрачни отколку што мислите. Па, погледнете интересни нешта за грчката митологија што најверојатно не сте ги знаеле.

1. Хад не бил толку лош

5 нешта што не сте ги знаеле за грчката митологија

Како бог на смртта и подземјето, Хад страда од лош имиџ. Во поп културата често е претставен како грчката верзија на ѓаволот, но ова не е реалната слика за него. Пред сè, Хад не го одбрал подземјето како негово кралство. Тој и неговите браќа Зевс и Посејдон влечеле сламки за да видат кој со кое кралство ќе владее. Зевс го извлекол небото, Посејдон морето, а Хад подземјето.

Кога станува збор за правилата на подземјето, Хад е навистина фер. Кога Орфеј се симнал во подземјето за да ја врати неговата сакана, Хад бил толку трогнат од неговото дело што се согласил да ја пушти, но под еден услов – додека излегуваат од подземјето Орфеј да не се сврти назад. Орфеј, се разбира, се свртел и засекогаш ја изгубил неговата сакана. Исто така важно е да се спомене дека Хад не бил одговорен за проколнатите души. На мртвите им суделе трите полубогови Минос, Радамант и Еак.

2. Божицата девица била озлогласен убиец на жени

5 нешта што не сте ги знаеле за грчката митологија

Артемида е полусестра на Аполон и ќерка на Зевс. Додека била млада го замолила татко ѝ да остане девица засекогаш и тој ѝ ја исполнил желбата. Таа е воин и истовремено и заштитник на животните. Иако е божицата девица и слика за чистота, таа е и божица на раѓањето и уништувач на млади жени. Нејзината маќеа, Хера, ја нарекувала лавица меѓу жените.

Артемида ги убила шесте ќерки на Ниобе која се фалела дека имала повеќе деца од мајката на Артемида. Таа барала да се жртвува Ифигенија за убиството на светиот елен на татко ѝ, иако во некои верзии ја спасува девицата во последен момент. Во вистинските ритуали правени во чест на Артемида имало многу суровост – од ритуално вадење крв од грлото на маж, па сè до тепање и камшикување.

3. Медуза имала исто грди сестри

5 нешта што не сте ги знаеле за грчката митологија

Една од најпознатите приказни во грчката митологија е онаа за Персеј и Медуза. Персеј добил задача да ја убие Медуза, одвратна жена која има змии наместо коса и го претвора во камен секој којшто ќе ја погледне во очи. Персеј си ја завршува задачата, но она што речиси и да не се спомнува е дека Медуза не била единствената жена со змии место коса.

Медуза е единствениот смртник од трите сестри кои всушност биле горгони. Нејзините сестри Стено и Евријала биле бесмртни горгони со истиот ужасен изглед како Медуза. Трите биле ќерки на Форкиј и неговата сестра и биле чувари на подземјето. Денес ја помниме само Медуза бидејќи таа е единствената горгона за која пишувал Хомер.

4. Повеќето чудовишта имаат иста мајка

5 нешта што не сте ги знаеле за грчката митологија

Нејзиното име е Ехидна и таа е половина жена, половина змија. Ехидна е ќерка на Форкиј и Кето, што значи таа е уште една сестра на Медуза. Според некои раскажувања, таа е родена од Тартар, подземјето, и Геја, земјата.

Тартар и Геја биле родители на Тифон, сопругот на Ехидна. Тифон бил змеј со сто глави и заедно родиле многу чудовишта што ги предизвикувале и боговите и хероите. Херкул се борел со некои од нејзините деца како Кербер, триглавото куче на Хад, ламјата со многу глави и змејот што ги штител златните јаболка. Ехидна била мајка и на сфингата, Скила, како и орелот што му го колвел дробот на Прометеј секој ден.

5. Ќерката на Пандора и големата поплава

5 нешта што не сте ги знаеле за грчката митологија

Пандора е најпозната по тоа што ја отворила кутијата и го пуштила сето зло на земјата. Она за коешто не е позната е тоа дека таа е баба на човечката раса. Пандора била сопруга на титанот Епиметеј, кој пак му бил брат на Прометеј. Зевс, кој веќе бил гневен за крадењето на огнот од боговите, не само што ја создал Пандора, туку ѝ ја дал озлогласената кутија како свадбен подарок. Откако ја отворила кутијата, Пандора и Епиметеј имале ќерка смртник наречена Пира. Пира се венчала со Деукалион, синот на Прометеј.

Боговите биле ужаснати од однесувањето на нивните креации, па направиле огромна поплава за да ги уништат смртниците. Прометеј успеал навреме да ги предупреди неговиот син и снаата кои се заштитиле на врвот на планината Парнас и преживеале. Кога водата од поплавата се повлекла, парот го прашал пророчиштето од Делфи што да прави. Тоа му кажало дека ако ги фрлат коските од мајка им на земјата, светот повторно ќе се насели. Бидејќи нивна мајка била Геја, тие фрлиле камења на земјата. Оние што ги фрлил Деукалион станале мажи, а оние што ги фрлила Пира станале жени.

Погледнете и кои се најчудните митски предмети на сите времиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар