Гламурот и женственоста што долго ги чекавте се враќаат во многу убав облик

Свилата никогаш нема да излезе од мода, а оваа година ќе се носи во форма на едноставни и женствени фустани. Свилата е скапоцен и многу вреден материјал, кој на облеката и на стилот им дава софистицираност и женственост. Таа е еден од најскапите материјали, но со причина, бидејќи квалитетот на свилата не може да се спореди со речиси ниеден друг материјал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Manhattan Fashion Styles (@manhattan_fashion_styles) on

Свилата е актуелна и оваа година, а најзастапениот модел е едноставниот и обичен минималистички фустан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @fashion4perfection on

Свилениот фустан кој ја следи линијата на телото, но не е прилепен за телото, варијациите на тој модел со длабоко деколте или со гол грб, па дури и моделите што потсетуваат на старите свилени фустани се нешто што мора да го имате во вашата гардероба ако ги следите модните трендови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @fashion4perfection on

Сепак, дури и да не ги следите, овој фустан е толку безвременски, женствен и суптилен, што би можеле да го вклопите во секоја сезона и повторно да изгледа модерно и секси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by World Lifestyle Blog (@world_lifestyle_blog) on

Фустаните се претежно еднобојни, а боите се пастелни, почнувајќи од бела, преку валкано розова и сина, до некои варијанти во светли или неонски бои.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mirian Pérez (@honeydressing) on

Секако, тука се и неизбежните точки кои се апсолутен хит оваа сезона на сите парчиња облека, па дури и на свилените фустани. Исто така, можете да забележите и свилени фустани со ретро дезени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by F A S H I O M O M E N T S (@fashiomoments) on

Што се однесува до должината на фустаните, сите должини се во оптек – од мини фустани кои личат на комбинезони, преку миди должина до макси елегантни фустани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Silk clothing (@serenity.wear) on

Единствено што ви останува е да изберете модел и боја што најмногу ви одговараат, а свилата ќе стори сè останато.

Погледнете кој фустан е задолжителен за ова лето – нема да му одолеете за време на топлите денови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар