Ѓозлеме: Традиционален турски рецепт

Ѓозлеме е турски леб со квасец кој може да биде направен со мелено месо, зеленчук, спанаќ, сирење или компир. Овој леб е секојдневна храна во Турција која може да се купи дури и на улица.

Тестото се прави со квасец, а може и без него. Ние денес ви споделуваме еден рецепт за ѓозлеме со спанаќ и сирење.

Ѓозлеме: Традиционален турски рецепт

Потребни состојки:

За тестото:

  • 250 милилитри вода
  • 7 г квасец
  • 400 г брашно
  • 2 лажици јогурт
  • малку сол

За филот:

  • 400 г спанаќ
  • една глава ситно сечкан кромид
  • 200 г фета сирење
  • 100 г моцарела
  • 1 лажичка лук во прав
  • малку чили

Начин на подготовка:

  1. Измешајте го квасецот со топла вода и оставете го 3 до 5 минути за да се активира. Додадете ги останатите состојки во квасецот и мешајте околу 10 минути. Формирајте го тестото во топка и оставете да отстои. Оставете го додека не се зголеми двојно во големина.
  2. Ситно исечкајте го спанаќот и сварете го. Потоа ставете го во сад со другите состојки, промешајте и оставете настрана. Поделете ја смесата на 6 еднакви делови.
  3. Ставете го тестото на работна површина. Поделете го на 6 еднакви парчиња и направете топки. Земете една топка и формирајте тенок квадрат (25 цм), ставете го филот со спанаќ и распределете го рамномерно. Преклопете од сите четири страни.
  4. Печете ги во загреана тава за 3 минути од секоја страна. Пред печење, премачкајте ги со малку масло.

Пробајте го и овој рецепт за турски појадок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар