Гинеколозите откриваат 3 причини зошто не смеете да седите во мокри костими за капење

Гинеколозите откриваат 3 причини зошто не смеете да седите во мокри костими за капење

Во услови коишто ја зголемуваат влажноста на кожата и на слузокожата, како што во овој случај е мокриот костим за капење, може да дојде до појава на инфекции во интимните делови, особено во надворешниот дел и на матката. Воспаление на бешиката, габични инфекции и воспаление на јајниците се чести следбеници на летното уживање по плажите и базените. Многу често, понесени од сончевата топлина и доброто расположение, не размислуваме дека на себе имаме мокар костим за капење, одиме боси по плочките, не внимаваме на хигиената во јавните тоалети по плажите, а многу често, по излегување од вода, се бришеме и седнуваме на туѓи пешкири. Може да се на нашиот сопруг, татко, мајка, но сепак не се лично наши.

(1) Зошто не смеете да седите во мокри костими за капење: Гинеколозите откриваат 3 причини

Како резултат на нашето невнимание, одморот може да ни се претвори во пекол, а последиците не мора да се појават веднаш. Понекогаш ги забележуваме дури откако ќе се вратиме од местото каде што сме поминале неколку неверојатни дена. Затоа, доколку планирате во наредниот период да заминете на некоја дестинација покрај вода, внимавајте на некои важни работи, особено на редовното менување на мокриот костим за капење, затоа што може да се соочите со овие три проблема:

1. Воспаление на бешиката

Ненадејните промени на температурата, како што се климатизираните простории и неподносливо високите дневни температури или наглото влегување во студено море, може да предизвикаат воспаление на бешиката. Исто така внимавајте и при користење на јавните тоалети, каде што разни опасности се кријат не само на тоалетната школка, туку и на кваките, на славините и на тоалетната хартија. Симптомите на воспалена бешика се зачестено мокрење проследено со пецкање, па дури и траги од крв во урината. Во тој случај треба да побарате лекарска помош.

2. Габични инфекции

Овие инфекции најчесто се добиваат при користење јавни базени, а поретко во морските води. Најподложни на овие инфекции се девојките и жените кои јадат многу слатка храна, консумираат алкохол, имаат ослабен имунитет и се изложени на стрес. Надворешниот дел од половиот орган, но и матката, имаат одредена мешана флора, која го одржува нивото на киселост во тој дел од телото, а се изразува како Ph вредност. Кога таа ќе се намали, интимниот дел го населуваат микроорганизми од надвор или се зголемува бројот на оние кои се нормално присутни во делот на вагината.

Габичните инфекции се едни од најупорните и се лекуваат најдолго. Тие се предизвикани од кандидата, којашто може да се појави и по користење антибиотици. Најчести симптоми се црвенило, чешање, отоци и засилено присуство на бел исцедок. Проблемот може да се реши со земање брис, кој ќе даде детални информации за каков тип инфекција станува збор и за тоа како да се третира понатака, до нејзино целосно искоренување.

3. Воспаление на јајниците

Воспалението од овој тип е особено честа појава кај жените за време на престојот на море. Симптоми на ова воспаление се болки во долниот дел од стомакот, а понекогаш може да се јави и покачена телесна температура. Ова воспаление се лекува со антибиотици кои ќе ви ги препише лекар, а за да ја превенирате појавата, избегнувајте студени пијалаци и не одете боси. За време на воспалението, важно е стапалата и стомакот да ви бидат суви и седете на сонце, за да го загреете стомакот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар