11-те најчести митови за менталното здравје и вистините зад нив

11-те најчести митови за менталното здравје и вистините зад нив

Покрај тоа што менталните проблеми се многу чести, многумина веруваат во работи коишто се погрешни за нив. Зошто откривањето на митовите е неопходно? Бидејќи ќе биде повеќе разбирливо за сите коишто се загрижени за општото здравје. Многу професионалци за ментално здравје, институти и организации низ светот изработуваат програми за подигање на свесноста за менталното здравје за унапредување на значајноста на третманот. Постојат луѓе коишто секојдневно страдаат ментално и едвај преживуваат верувајќи дека не постои целосно лекување на тој „проблем“. Според светската здравствена организација околу 2/3 од луѓето со познато ментално нарушување не бараат помош од професионалци бидејќи се малтретирани и стануваат мета на нефер дискриминација и стигма. Митовите се значајни фактори за незнаењето поврзано со менталното здравје. Оттука нивното изнесување е подеднакво важно како и борбата за нивно надминување.

1. Менталните нарушувања можат да ги погодат „другите луѓе“

Факт: Менталните нарушувања никого не дискриминираат врз основа на раса, возраст, пол, каста или вероисповед. Може да ви се случи вам, нас, на вашите најблиски па дури и на професионалците за ментално здравје – секој може да има проблеми поврзани со менталното здравје. Тие се почести отколку што можете да замислите. Секој 4-ти возрасен страда од некаков вид ментално нарушување во која било година.

2. Децата и адолесцентите не можат да имаат ментално нарушувања

Факт: Децата и возрасните подеднакво доживуваат мноштво проблеми со менталното здравје. Според СЗО, од 10% до 20% од децата и адолесцентите ширум светот се жртви на ментални нарушувања. Пола од менталните нарушување почнуваат од 14-та година и 3/4 до средните 20-ти. Најчесто дијагностицирано ментално нарушување кај децата е Синдром на дефицит на внимание и хиперактивност познато и како АДХД, потоа проблеми во однесувањето, анксиозност и депресија.

3. Еднаш ако сте дијагностицирани со ментално нарушување вие ќе го имате целиот живот

Факт: Многу групи за поддршка и заедници се здружуваат за да им помогнат на луѓето да го побараат третманот којшто ќе им одговара најмногу, опфаќајќи ги специфичните третмани за нарушувањето, стратегиите што вклучуваат медитација или психотерапија. Со комбинација од фармаколошки и психолошки третмани и поддршка, помеѓу 70-90% од индивидуите имаат значајно намалување на симптомите и подобрен квалитет на живот. Возможно е целосно оздравување и надминување на менталното нарушување.

4. Како лаик, јас не можам да направам ништо за луѓето коишто имаат потреба од грижа за менталното здравје

Факт: Погрешна идеја! Не мора да бидете професионалец за да обезбедите грижлива средина за луѓето на коишто им е потребна грижа за менталното здравје. Може да придонесете ако го промените начинот на кој зборувате и го гледате менталното нарушување.

Еве што можете да направите: Избегнувајте да користите етикетирање на луѓето како на пример: „психа“, „луд“, „ненормален“, „откачен“, „мрднат“. Наместо да кажете дека некој е „шизофреничен“, кажете личност со шизофренија. Запомнете дека личноста има идентитет зад нејзината дијагноза. Однесувајте се со нив со еднакво достоинство и почит како кон останатите. Споделете го вашето знаење за менталните проблеми со другите луѓе и поправете ги ако веруваат во нешто што не е вистинито. Не правете дискриминација помеѓу таквите луѓе во поглед на социјалните интеракции, едукација или вработување. Почитувајте ги нивните права и помогнете им да разберат дека државата ги штити нивните потреби и права исто како и на другите луѓе. Ако забележите дека некој се шегува со луѓето на кои им е потребна грижа за менталното здравје, одма спротивставете се или преземете други разумни мерки кон него.

5. Менталното нарушување е исто како и менталната ретардација

Факт: Не, не е исто. Тие се две целосно различни состојби. Дијагнозата за ментална ретардација се карактеризира со ограничување на интелектуалното функционирање и потешкотии со одредени секојдневни животни вештини. Спротивно на ова, луѓето со ментално нарушување имаат разновидно интелектуално функционирање како и останатата популација, но имаат благи до сериозни нарушувања во мислите, расположението и однесувањето што резултираат во неможност да се справат со секојдневните животни потреби и рутини.

6. Терапиите и грижата за себе е само губење време без никакви резултати

Факт: Третманот е многу индивидуален, исто како и страдањето. Изборот за стратегиите на третман зависи од многу фактори. Различни ментални нарушувања одговараат на различни методи и третмани што не значи дека сите ментални нарушувања ќе се излечат со истата стратегија на лекување. Многу луѓе коишто работат на подобрување на состојбата се консултираат со психолози, психијатари, психоаналитичари, психотерапевти и советници.

7. Менталното нарушување кај луѓето доаѓа поради слабоста во нивниот карактер

Факт: Тоа не е воопшто поврзано со „слабост во карактерот“. Менталното нарушување се јавува поради интеракција на повеќе фактори: биолошки, психолошки и социјални. Некои настани како што е губењето на работа, загубата на сакана личност и разводот, можат да доведат до развој на проблеми со менталното здравје.

8. Сексуалната ориентација го дефинира менталното здравје

Факт: Земајќи го предвид времето во кое живееме, срамота е да се мисли на толку деградирачки начин за друго човечко битие. Изборот на сексуалната ориентација е екстремно личен. Ако вашата сексуална ориентација се разликува од вообичаената тоа не значи дека не сте здрави ментално. Хомосексуалноста не се смета за форма на ментално нарушување од страна на бројни психолози и психијатари. Фројд верувал дека сите луѓе се природно бисексуални и тие стануваат хетеросексуални или хомосексуални како резултат на нивните лични искуства и социјално влијание. Тој сметал дека хомосексуалната ориентација не треба да се гледа како еден вид патологија.

9. Луѓето со ментално нарушување секогаш се насилни и непредвидливи

Факт: Луѓето со ментално нарушување не се понасилни од оние кои немаат такво нарушување. Постојат многу насилни луѓе и непредвидливи, но немаат никакви проблеми со менталното здравје. Многукратни истражувања покажале дека индивидуите со сериозни ментални нарушувања се посебно ранливи за да се однесуваат насилно.

10. Луѓето со нарушено ментално здравје или оние што го надминале нарушувањето се полоши работници

Факт: Истражувањата од Националниот институт за ментално здравје и Националната алијанса за ментално болни покажале дека нема разлика во продуктивноста кога луѓето со ментално нарушување ќе се споредат со останатите работници. Нивното нарушување нема влијание врз квалитетот на работата, изведбата, мотивацијата или текот.

11. Менталните нарушувања не можат да бидат спречени

Факт: Проблемите со менталното здравје ве прават чувствителни. Откако еднаш ќе биде јасен изворот на нарушувањето, може лесно да се превенира. Со елиминирање на ризик факторите како што се изложување на траума или злоупотреба во текот на детството може успешно да се спречат емоционалните и менталните нарушувања како и проблемите во однесувањето.

Како што рекол еднаш Џорџ Орвел: „Митовите во коишто се верува можат да станат вистина“. Пожелно е овие митови што ги наброивме никогаш да не станат вистина. Човештвото треба да биде уште посвесно отколку што е во моментов за неопходноста од грижа за менталното здравје. Менталните нарушувања не треба да се табу тема и за нив треба отворено и јасно да се говори.

Дознајте како да го организирате вашето домашно опкружување за подобро ментално здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар