Фризерите советуваат: Тест од 10 секунди кој открива дали смеете да ја фарбате вашата коса

Многу елементи влијаат на крајниот резултат од фарбањето на косата, но еден е клучен – таа мора да биде здрава за да изгледа одлично после третманот. Ако сакате да ја фарбате во домашна атмосфера, фризерите советуваат: пред да почнете со процесот, проверете во каква состојба е вашата коса со помош на овој едноставен тест.

Фризерите советуваат: Тест од 10 секунди кој открива дали смеете да ја боите косата

1. Со прсти земете еден прамен коса и израмнете го.

2. На праменот ставете неколку капки вода и следете колку време е потребно за тие да се впијат.

3. Ако косата ја апсорбира водата за помалку од 10 секунди, тогаш кутикулата т.е. надворешниот слој на косата кој се лупи е премногу оштетен и косата не може правилно да се обои. Ако на капките им се потребни повеќе од 10 секунди да се впијат, тогаш вашата коса е во добра форма.

Совет: На оштетувањето на кутикулите влијае, меѓу другото, и чешлањето на косата додека е мокра, претераното обликување и стилизирање со преса и слични топлински алатки, како и нејзиното избелување. Поради сè ова косата ја губи својата влага и после тоа влакното се дели.

За да го вратите стариот сјај и здравје на косата, намалете ја нејзината изложеност на топол воздух. Не ја сушете косата со фен веднаш после миењето бидејќи во моментите додека е полна со вода, таа е особено кршлива.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар