Формула за пресметување на должината на вашата врска

Формула за пресметување на должината на вашата врска

Со помош на едно истражување во кое се испитувале повеќе од 2.000 мажи и жени на темата љубовни врски и машко-женски односи, математичарите дошле до формулата која како резултат открива колку долго ќе останете со вашиот партнер.

formula-za-presmetuvanje-na-dolzhinata-na-vashata-vrska-kafepauza.mk

Формулата која ќе ви помогне да откриете колку долго ќе бидете со партнерот гласи:

L = 8 + .5Y – .2P + .9Hm + .3Mf + J – .3G – .5(Sm – Sf)2 + I + 1.5C
  • L = должина на траењето на врската
  • Y = колку години се познавале партнерите пред да стане врската сериозна
  • P = број на претходни сексуални партнери
  • Hm = колку му е важна искреноста на машкото во врската
  • Mf = колку ѝ се важни парите на жената во врската
  • J = колку на двајцата им е важен хуморот (збирно)
  • G = колку на двајцата им е важен изгледот (збирно)
  • Sm и Sf = важноста која мажот (m) и жената (f) му го придаваат на сексот
  • I = колку на двајцата им е важно да имаат добри односи со родителите на партнерот
  • C = колку на двајцата им се важни децата во врската

Сите вредности кои се однесуваат на важноста се мерат од 1 до 5 каде што 1 значи не му/ѝ е важно, а 5 многу му/ѝ е важно.

Едно од најзанимливите откритија во истражувањето е важноста на бројот на претходни партнери пред врската во која сега се наоѓате. Магичниот број е бројот 5.

Дури четвртина од испитаните мажи и жени веруваат дека нивниот идеален партнер би требало зад себе да има 4 сексуални врски, иако еден од пет мажи сѐ уште верува дека за идеална врска тој треба да ѝ биде прв на својата девојка.

Според психијатарот Корни Свит, бројот 5 е битен бидејќи дури околу петтата врска имаме доволно искуство за да знаеме со сигурност што сакаме. А она што и мажите и жените најмногу сакаат е добра смисла за хумор. Меѓутоа, останатите желби помеѓу половите се разликуваат. Жените многу повеќе ја вреднуваат интелигенцијата, додека машките повеќе го ценат изгледот.

Значително голем број мажи веруваат дека добриот секс е битен за среќна долготрајна врска.

Како што можете да видите од формулата, важноста која секој партнер ѝ ја придава на различни аспекти од врската има големо влијание на тоа колку долго партнерите ќе останат заедно. Мажите можеби му даваат поголемо значење на сексот, но големата разлика во либидото е возможна и во обратниот случај. Она што е битно е да останете отворени и да разговарате за вашите чувства.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар