Фенг шуи за богатство и среќа во 2019-та година: Како да ги поставите новогодишните украси?

Фенг шуи за богатство и среќа во 2019-та година: Како да ги поставите новогодишните украси?

Празничниот период може да биде навистина стресен, и поради домашниот буџет, и поради подготовките и еуфоријата. Но, со помош на Фенг шуи, можете да ги поставите украсите во домот на тој начин што ќе создаваат позитивна енергија.

Фенг шуи за богатство и среќа во 2019-та година: Како да ги поставите новогодишните украси?

Доколку мислите дека е сеедно каде ќе ја поставите новогодишната елка, се лажете. Местото за елката е од голема важност според Фенг шуи, бидејќи носи хармонија во вашиот дом.

Каде да ја поставите елката?

Зимзеленото дрво е симбол за долговечност и пријателство. Според Фенг шуи, формата на елката е симболот за „оган“, а најдоброто место за овој симбол е во соба која се наоѓа во левиот агол од куќата.

Овој простор се смета за „површина на богатството“, а триаголните форми и предмети од дрво се навистина силни. Поставувањето на елката на ова место ќе привлече богатство и просперитет во вашиот дом.

Добро место за новогодишната елка се сите краеви или централниот дел од куќата. Овде ќе ја стабилизира енергијата во празничната сезона.

Ако елката сте ја поставиле на север, украсете ја со сини, бели, сребрени и златни декорации. Дрвото поставено на запад или северозапад треба да биде украсено со бели, сребрени, златни и жолти бои, а никако црвени. Доколку елката е на југозападниот или североисточниот дел од домот, потребни се жолти и црвени украси.

Немојте да ја поставувате елката на места каде што ќе го блокира дотокот на чи енергијата, како предниот влез или во близина на врата.

Украсување на домот

За позитивно расположение, најмногу користете темно зелена боја. Зимзелените гранчиња, венци и декорации одлично ја враќаат рамнотежата на енергијата во просторот.

За уште поудобна атмосфера секојдневно палете ламба со масло од мандарина, портокал, лимон или цимет.

Немојте да избегнувате светкави украси и светилки. Огнот симболизира слава и углед, а светилките го претставуваат огнот.

За подобро здравје поставите некое живо растение на средината на просторијата.

Декоративните ангели поставете ги лево од влезната врата. На овој начин ќе им помагате на саканите.

Во десниот агол спротивно од влезната врата поставете две миризливи или декоративни свеќи. На овој начин празниците ќе ви бидат исполнети со љубов и разбирање. Најдобро е свеќите да бидат жолти, розови и црвени.

Оживејте го домот со свежи бои и мириси. Зад вазната со цвеќе можете да поставите огледало за да ја дуплирате убавината, а главното светло не треба да биде премногу силно.

За зголемување на дотокот на позитивна енергија поставите некои кружни предмети. Ако викате гости, нека бидат парен број. Немојте да ги сместувате во близина на огнот. И за крај, дозволете им и на децата да уживаат и викајте им помалку.

Знаевте ли дека луѓето кои порано почнуваат со новогодишното украсување се посреќни?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар